Маљовица 2008 - Импресии од најмладиот учесник (август 2008)
Еден дел од членовите на А.Д. "МАТКА" на 4 Август 2008 година организираа алпинистичко качување на локалитетот Маљовица
во Бугарија. Оваа група на качувачи беше предводена од инструкторот на А.Д. "МАТКА" - Константин Циривири и Крунослав Аџиевски.
Oстанатите членови беа: Жика, Ристе, Илија, Нино, Панде и Темјана.
... читај повеќе ...
Маљовица 2008 - Успешно реализирана алпинистичка акција (август 2008)
Кадровската алпинистичка акција "Маљовица 2008" заврши вчера со враќањето на сите учесници здрави
(со исклучок на Коки - стомачен вирус) и живи во Македонија. Кадровските алпинистички акции МАА веќе традиционално
ги организира во овој алпинистички локалитет, кој со својот потенцијал нуди навистина многу за развој на млади алпинисти.
Гранитот е одличен, се качува на планина од 2000 до 2700 м.н.в.
... читај повеќе ...
Донација на опрема - Подршка за младите алпинисти од Бојан Миткоски (август 2008)
Членот на Алпинистичкото Друштво "Матка", Бојан Миткоски, кој веќе извесно време живее и качува во САД донираше опрема
за младите македонски алпинисти. Еве и Бојан од САД, покрај Надир од Швајцарија, не ја заборава својата "родна грутка"
и деновите на личните почетоци во алпинизмот кога било многу тешко да се комплетира опремата.
... читај повеќе ...
Извинување - проблеми со серверот (јули 2008)
Им се извинуваме на сите кои ја посетуваат нашата страна заради настанатата пауза во објавувањето нови информации која се
случи заради технички проблеми со серверот преку кој е подржана истата.
Се надеваме дека во иднина нема да имаме вакви проблеми.
... читај повеќе ...
Интервју со Mark Twight(јуни 2008)
Уште од раните 80-ти години на минатиот век Марк Твајт се покажа како еден од врвните алпинисти во Америка.
Иако најпознат по неговите контроверзни и спротивставувачки текстови во алпинистичкиот печат,
неговите насоки се меѓу најтешките. Многу од неговите искачувања не се повторени или пак се повторени во
многу полесни услови отколку оние кога тој ги качил. Дури и неговите неуспеси, како на пример Рупал
на Нанга Парбат и Северната страна на Еверест, се сместуваат меѓу најголемите постигнувања во алпинистичката историја.
... читај повеќе ...
Прво женско искачување на Deprivation (мај 2008)
Zoe Hart и Maxime Turgeon го искористија релативно доброто време на Mt. Hunter за да ја искачат насоката
Deprivation (ED+, 5.8 A3 AI6 1860 m.) искачена за прв пат во 1994 од Скот Бејкс и Марк Твајт
(Scot Bakes – Mark Twight). Насоката се наоѓа на северозападната страна на Mt. Hunter, десно
од почесто искачуваната насока Moonflower Buttress.
... читај повеќе ...
Бабанов на Dhaulagiri (мај 2008)
Dhaulagiri - Искачување во алпски стил по северо источниот гребен на шестиот по височина врв во светот,
изведено од страна на Валери Бабанов и Николај Тотманин. На 1 Мај оваа година, светската алпинистичка легенда
Валери Бабанов заедно со својот руски колега се искачија на 8167 метри високиот хималајски врв Dhaulagiri
преку североисточниот гребен. Искачувањето е изведено во алпски стил без користење на висински логори,
фиксни јажиња и сл, стил многу често практикуван од Бабанов во најголемите планини и карпи низ светот.
... читај повеќе ...
АЉАСКА - Нова насока на досега неискачен врв (мај 2008)
Ben Gilmore, Maxime Turgeon и Freddie Wilkinson искачија нова првенствена насока на девствениот врв
Beat's Ears висок 3366 метри, веројатно највисокиот неискачен врв на Аљаска.
Тројката се качила на врвот по неговата јужна страна висока околу 1000 метри.
Вкупното времетраење на активностите од базен логор до базен логор изнесувало 23 часа.
Тежината на насоката изнесува околу WI 4+/М5+. Во најделикатните делови биле принудени да
качуваат по тенок мраз и замрзнат песок поради кое што нивните орудија се истапиле.
... читај повеќе ...
НЕПАЛ - Нови намалени цени за искачување на врвовите (мај 2008)
Непалската влада донесе одлука за намалување на износот на таксите за качување на врвовите во Непал,
зависно од сезоната на искачување. Почнувајки од 18 Јуни 2008 година, таксите за искачување на врвовите во т.н.
постмонсунски период, односно наесен се за 50% пониски од редовните такси кои важат за на пролет, т.е.
во предмонсунскиот период. Во зимскиот период попустот изнесува дури 75%.
Така на пример, ако за една екипа од седум члена која сака да се искачи на Монт Еверест преку Југоисточниот пристап
во пролет, таксата изнесува 70.000$
... читај повеќе ...
Психолошки тренинг - Mark Twight (15 мај 2008)
Името на Марк Ф. Твајт (Mark F. Twight) е едно од најмаркантните алпинистички имња во современиот алпинизам.
Неговото име нема да го пронајдеме во аналите каде што се евидентирани алпинистичките рекордери по врвовите повисоки
од 8000 метри или пак меѓу колекционерите од типот на ,,seven summits,,. Но внимателното следење на алпинистичката
биографија на Марк Твајт, како и читањето на неговите текстови, посебно на неговите две најпопуларни книги
Extreme Alpinism и Kiss or kill
... читај повеќе ...
МАТКА - Алпинистички собир - Васил Франговски (9-11 мај 2008)
Минатиот викенд од Петокот до Неделата на Матка се одржа традиционалниот алпинистички собир посветен на
алпинистот Васил Франговски. Првичната работна концепција за собирот беше на него главно да се реализираат
качувања по избор, но заради структурата на учесниците, т.е. присуството на поголем број млади алпинисти
кои се уште се наоѓаат во почетна фаза од обуката, програмата беше пренасочена кон обука за качување
првенствени насоки и демонстрација на одредени постапки и техники за осигурување, изработка на сидришта и
евакуација од карпа.
... читај повеќе ...
Кинезите го искачија олимпискиот оган на врвот на светот (7 мај 2008)
23 годишната Тибетанка Тсеринг Вангмо, е првата од кинескиот алпинистички тим која ноќеска го искачи врвот на
Монт Еверест со олимпискиот факел во рацете. Во 3 часот и 24 минути наутро ударниот тим од 19 алпинисти со
боци за кислород носејки го со себе олимпискиот факел и пратени со драматичен видео пренос во живо од
државната кинеска телевизиска мрежа ССТВ го искачија највисокиот врв на светот.
... читај повеќе ...
Интервју со Адам Ондра (мај 2008)
Преземено интервју со Адам Ондра, 15 годишното момче кое веќе стана еден од најуспешните и најталентираните
спортски качувачи во светот. Петнаесет годишниот Aдам Ондра може да стане за качувањето истото она што беше
Сергеј Бубка во скоковите со стап. Сличностите се јасни, иако Ондра се уште треба да се докаже како нов,
тој сега ги качува постоечките насоки во неверојатен стил.
... читај повеќе ...
Алпинистички Собир - Меморијал Васил Франговски (09-11 мај 2008)
Алпинистичкиот собир - меморијалот посветен на алпинистот "Васил Франговски" ќе се одржи во деновите од 9 до 11 Мај 2008
година во алпинистичкиот локалитет "Матка". Сместувањето ќе биде во сопствени шатори во дворот на Манастирот Св. Никола.
Учесниците на собирот должни се со себе да носат комплетна алпинистичка опрема за качување во "сува карпа",
како и да имаат активни полиси за осигурување од незгода.
... читај повеќе ...
Извештај од алпинистичкиот табор на Пилав Тепе (12-13 април 2008)
Поголемиот дел од членовите на АД "Матка" пристигнаа во текот на денот во Петокот и беа добро пречекани од
домаќинот на таборот Зоран Мајсторски во просториите на новиот планинарски дом кој е сеуште во изградба,
но сепак нуди услови за неколкудневно сместување. Дел од членовите се сместија во домот, а другите продолжија
кон подножјето на карпата каде поставија два шатори.
... читај повеќе ...
Ројал Флаш на Фиц Рој качена во алпски стил (Јануари 2008)
Американците Џими Хајден и Мајк Пенингс го направија првото искачување во алпски стил на Royal Flush
и единственото повторување на насоката до врвот Фиц Рој. Хејден и Пенингс ја качија насоката од 1200 метри
на огрoмната источна страна на Фиц Рој за повеќе од два дена, поголемиот дел во слободен стил.
... читај повеќе ...
Прекрасна првенствена насока на Патагониските кули (Март 2008)
Aмериканците Тоби Гроун (Toby Grohne) и Џеси Хјуи (Jesse Huey) искачија првенствена насока на Сент Егзипери
(Agjua St. Exupery), врв во околината јужно од Фиц Рој во Патагонија. Двајцата ја качија
Last Gringos Standing (VII 5.11- C1) лево од како нож остар раб на врвот за два дена во почетокот на март.
... читај повеќе ...
Ајгер од Карпестите планини (Април 2008)
10 дена откако Рафаел Славински со својот тим го направи првото зимско искачување на Гринвуд-Џонс
насоката (IV/V M6, 20 должини, 1300m) на Mt. Temple во Карпестите Планини во времетраење од 3 дена,
Стив Хаус (Steve House) и Роџер Стронг (Roger Strong) ја поминаа истата насока за помалку од 26 часа
(до врвот и назад). Во лето Гринвуд-Џонс насоката е со оцена VI и беше
последна голема насока без зимско искачување.
... читај повеќе ...
Семинар за меѓународна лиценца - European Mountain Leader (март 2008)
Во организација на Центарот за стручно оспособување при ФПСМ и меѓународната унија на професионалните
планински лидери (UIMLA - Union of International Mountain Leader Assotiations), а во соработка со
француската организација за регионален развој на туризмот - CRET (Centre Regional et Europeen du tourisme) и
Француската Амбасада во нашата земја, беше организиран семинар за рестандардизирање на македонската програма
за обука на Водачите во планина согласно со критериумите на меѓународната унија.
... читај повеќе ...
ОГЛАС - Обука на спасители на планина (12 Февруари 2008)
Алпинистичкото друштво "Матка" објавува конкурс за прием на кандидати кои се заинтересирани за обука за
планинско спасување со можност за иден професионален ангажман.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- повеќегодишно планинарско искуство;
- познавања и интерес во областа на алпинизмот;
- солидно владеење со скијачка техника.
Пријавување и дополнителни информации можат да се добијат на телефон: 071/36 92 80 ... читај повеќе ...
ПОПОВА ШАПКА - Почетен зимски курс за алпинизам (1-3 Февруари 2008)
Во деновите од наредниот викенд на Попова Шапка ќе се одржи првиот годинашен курс за почетници во алпинизмот.
Курсот се организира како дел од календарски планираните активности на Македонската алпинистичка асоцијација и
Центарот за стручно оспособување при ФПСМ, во делот на едукациските активности за 2008 година.
На курсот можат да присуствуваат сите заинтересирани за обука и проширување на своите знаења во областа
на зимскиот алпинизам. За време на планираните активности, како што може да се види од приложената програма за работа,
ќе се работат основни техники и постапки за безбедно движење на планина, на стрмен и карпест терен,
а ќе биде изведена и обука за основите на лавинологијата.
... читај повеќе ...
Информациите за претходните реализирани акции можете да ги побарате на линкот Реализирани акции.
Алпинистичко друштво "МАТКА"
Мисија на алпинистичкото друштво "МАТКА"
Нашата мисија е градење на врвен алпинизам во Република Македонија.
Нашата цел е институционализиран алпинизам кој ќе ги обедини и води луѓето подготвени за работа,
желни за нови достигнувања и способни за соочување со најголемите светски предизвици.
Обучувавме алпинисти, пишувавме стручна литература, уредувавме алпинистички локалитети, организиравме експедиции,
му ги подаривме на македонскиот спорт најтешките искачувања, градевме институција, создадовме историја.
И денес продолжуваме со работа. Тешките времиња, беспарицата, изолацијата, подмолните противници не можат да не обесхрабрат.
Продолжуваме и создаваме иднина за македонскиот алпинизам.
Визија на алпинистичкото друштво "МАТКА"
Нашата визија е македонскиот алпинизам да биде дел од светската алпинистичка реалност.
Секоја година да има Македонци во тешките алпски стени, на Андите, на Хималаите, Памир, Тјен шан, Патагонија ...
Да ја вградиме посебноста на македонскиот алпинист во светското алпинистичко семејство.
Квалитетите на луѓето од нашата подлога да бидат придонес за светскиот космополитизам.
Така како што правеле нашите славни предци низ илјадниците години македонска историја.