Матка
алпинистичко друштво
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 3121 776
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 

Вежбална во о.у. "11-ти Октовмври"

Вежбална

Во текот на работните денови нашите т.н. "суви тренинзи" се одвиваат во болдер вежбалната на друштвото. Тоа е адаптирана училиница од околу четириесетина квадратни метри која со сопствени сили успеавме да ја средиме за алпинистички тренинг. Направена е за "болдер тренинг" при кој што не е важно  да се има простор со голема височина затоа што тренингот се состои од т.н. "пречење" - движење во страна по специјално средените површини на кои се поставени вештачки фаќалишта, како и од решавање на качувачки проблеми кои се состојат од помал број на движења но комплицирани по својата структурна целина. Вкупната работна должина во еден правец изнесува повеќе од 30 метри. Изработена е целосно по наша замисла со лично учество на членовите на друштвото. Значи покрај познавањето на алпинизмот добро се покажавме и како конструктори.
За наредниот период планираме средување на уште една просторија за "дри тоолинг", која како и главната, ќе ги задоволува стандардите за изведување квалитетен тренинг за качување со орудија за мраз.
Вежбалната е сместена во основното училиште "11 Октомври" во Скопје, а во рамките на училиштето имаме формирано и училишна секција за алпинизам во која членуваат ученици од училиштето.
Термините за тренинг главно се распоредени во попладневните часови и тие се поделени во неколку групи: тренинзи на членовите на друштвото кои работат по програма за врвен алпинизам, тренинзи на посетителите во алпинистичкото училиште на друштвото МАТКА, тренинзи за членовите во училишните секции и последно, тренинзи за оние кои сакаат рекреативно да се занимаваат со алпинизам.
Вежбалната се уште се наоѓа во процес на средување бидејки во денешниве услови на живеење тешко се обезбедуваат пари кои се неопходни за набавка на потребните материјали.

 

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.