Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на ЦСО

Семинар за водачи (април 2007)

МАТКА - Семинар за применети алпинистички техники за кандидатите за водачи во планина во рамките на проектот "Патеки на комуникацијата".

Во периодот од 19 до 22 Април 2007 година на Матка се одржа третиот овогодинашен семинар со кандидатите за водачи во планина во рамките на проектот "Патеки на комуникацијата" организиран од страна на Центарот за стручно оспособување при Федерацијата на планинарските спортови на Македонија и канцеларијата на OSCE во Република Македонија.

За време на практичната обука кандидатите се обучуваа за примена на одредени алпинистички техники во планинарството, а во рамките на теоретската настава се одржаа предавања за основите на планинарскиот тренинг, за медицинските проблеми на големи височини, за карактеристиките на биодиверзитетот во Република Македонија со осврт на биодиверзитетот на Матка, за можностите на планинскиот туризам во Република Македонија, како и воведно предавање за запознавање со спелеологијата како наука и дејност и нејзините перспективи во нашата земја.

На крајот на семинарот сите кандидати во "паралелна наврска" ја минаа така наречената "Овчарска" насока која се протега по должината на јужниот гребен над манастирот Св. Никола до платото над манастирот. Сите кандидати успешно ги совладаа предвидените работни содржини, со што уште еднаш потврдија дека оваа генерација на водачи во планина успешно ги совладува наставните содржини во програмата изработена според стандардите на UIAA .

Наредниот семинар ќе се одржи во втората половина на месец Мај оваа година.

Константин Циривири


Подготовки пред заминување на теренска работа


Кандидатката Санела Силјановска во насоката "Мал Камин"


Инструкторскиот тим со контролорите од OSCE


Кандидатката Светлана Стојановска од Струга во "Дилферово седало"


Движење во наврска во "Овчарската" насока


Движење во наврска во "Овчарската" насока


Движење во наврска во "Овчарската" насока


Движење во наврска во "Овчарската" насока

 

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.