Назад на ЦСО
Семинар со водачи во Охрид (април 2007)
ОХРИД - Обука на кандидатите за водачи во планина во рамките на проектот "Патеки на комуникацијата" од охридскиот регион.
Во деновите 28 и 29 Април на Галичица се одржа регионален семинар со кандидатите за водачи во планина кои се обучуваат во рамките на проектот "Патеки на комуникацијата".
Во рамките на овој проект, покрај т.н. заеднички семинари на кои учествуваат сите кандидати и инструктори, се одржуваат и регионални семинарски активности со кандидатите од одреден регион во Западна Македонија. Минатиот викенд работевме со кандидатите од охридскиот регион.
Во Саботата се работеше во качувачкиот локалитет Св. Никола кој се наоѓа покрај Охридското Езеро, а во Неделата беше изведена тренинг тура од месноста Липова Ливада до врвот Магаро и слегување до селото Пештани. За време на турата кандидатите меѓу другото ги анализираа можностите за развојот на алтернативниот планински туризам во регионот на Охрид.
Покрај тоа беше направена и посета на качувачкиот локалитет "Зли Дол" кој исто така нуди одлични можности за развој на алтернативниот туризам. Нашите ставови во оваа насока беа потврдени и од страна на делегацијата на спасителната станица на градот Бамберг, кои меѓу другото се занимаваат и со планински и качувачки туризам. Бог ни дал речиси се што е потребно за да можеме и кај нас да ја развиеме една од најперспективните стопански гранки во светот - алтернативниот туризам. Треба да работиме малку повеќе на самите себе и да учиме од позитивните искуства во светот и соседството и успехот ќе си дојде сам по себе.
Константин Циривири

Посета на качувачкиот локалитет "Зли Дол" со кандидатите за водачи во планина во проектот "Патеки на комуникацијата"
Во "Зли Дол"
заедно со гостите од спасителната служба на градот Бамберг од Сојузна Република Германија
Гостите од Бамберг беа воодушевени од можностите што ги нуди локалитетот "Зли Дол"
Предавање за можностите на алтернативниот планински туризам

Заедничка фотографија на претставниците на ЦСО, спасителната служба од Бамберг и Црвениот Крст на Охрид
Обука на кандидатите за водачи на планина во проектот "Патеки на комуникацијата под врвот Магаро"
|