Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистички клуб "Матка" тел:
Претседател 070 670 785
Секретар 071 626 651
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 

Новости

Првенствена насока на Матка - Macedonia Timeless (Јуни 2009)
Сабота, 20 Јули 2009 година решивме со Круно да ја продолжиме насоката која ја имавме подготвено за снимањето на спотот Macedonia Timeless. ... читај повеќе ...

Одговор на текстот објавен на www.alpinizam.org за состојбите во ФПСМ и Македонската алпинистичка асоцијација (Јуни 2009)
И покрај тоа што не сакам да учествувам на ‘‘форуми за планинарството‘‘ каков што полека се наметнува на alpinizam.org , бидејки се крајно непродуктивни и ја насочуваат енергијата во погрешна насока, а од друга страна ‘‘организаторот‘‘ може во секое време да одлучи ‘‘да ја земе топката и да си оди дома‘‘, сепак како вршител на должноста Претседател на Македонската алпинистичка асоцијација, принуден сум да реагирам, бидејки главниот концепт на текстот на Игор се врти околу алпинистичката асоцијација - МАА, и каде што таа на неколкупати е прозвана. ... читај повеќе ...

Продажба на опрема
Патики за вас прекрасни луѓе. Директно од Америка, супер квалитетно, супер цени... ... читај повеќе ...

Алпинистите од АК „Матка" на CNN (Јуни 2009)
Алпинистите ќе привлекуваат туристи во Македонија. На вториот рекламен спот за презентирање на земјава како привлечна туристичка дестинација „Вечна Македонија“ алпинистите на АК Матка Крунослав Аџиевски - Круно и Ристе Калинов со неколку сочни движења на насоката ....... ги канат странските алпинисти во Македонија. ... читај повеќе ...

Феникс (нова првенствена насока над браната Козјак) (Јуни 2009)
Во саботата наутро, како и секое патешествие што започнува така и ова започна, Ристе го “смести” Голфот кај мене пред зграда. Па така колку многу што имавме опрема имавме и желба и ентузијазам да направиме првенствена на карпите над селото Патишка Река. Да, да оние карпи каде што е мразот, или евентуално на карпите на северната страна на врвчето до Остар врв. ... читај повеќе ...

Солунска Глава (Јуни 2009)
06.06.2009 04:00 часот изутрина по локално време, алармот на часовникот бучно со нетрпение ме разбуди, а уште по бучно ги разбудив останите членови (Димитар, Горан, Влатко) кои ги водев нагоре. Планот да се искачи Солунска Глава (2540мнв) постоеше поодамна и дојде денот кога требаше да се реализира. ... читај повеќе ...

Македонија - Албанија - Црна гора (јуни 2009) - Едно поинакво алпинистичко доживување
Можеби некои работи се случуваат случајно. Кој би можел да каже точно. Можеби случајно ги сретнав Мертц и Ваутер во интернет кафуле во Штип. Но тргнувањето со нив на оваа тура не би можел да кажам дека е случајно. Тоа е нешто што подолго се криело некаде и само му требаше една искра за да почне да чади. И уште чади. ... читај повеќе ...

Титов врв 2747м (06 Јуни 2009)
Во исчекување на добри временски услови, барање заинтересирани луѓе да ми се придружат во мојата авантура - саботата падна како ден на одлука да одиме кон Титов врв. ... читај повеќе ...

РАДОВИШ ДИРЕКТ - Првенствена насока на Остра карпа
... читај повеќе ...

Меѓународно традиционално искачување на Титов Врв 31 Мај 2009
Како и секоја година така и оваа Планинарскиот Клуб “Љуботен” од Тетово организираше меѓународно традиционално искачување на вториот највисок врв во Македонија, Титов Врв 2747 мнв. Така и АК. Матка беше дел од него, во помал број но сепак присутни на сите случувања. ... читај повеќе ...

Извештај за алпинистички собир на Остра Карпа, Селечка Планина, Прилеп, 23-24 Мај 2009
Во деновите сабота и недела, 23-24 Мај 2009, се одржа алпинистички собир на локалитетот Остра Kарпа на Селечка Планина, во близина на Прилеп. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКИ НОВОСТИ ОД СВЕТОТ
За да ги одмориме љубителите на алпинизмот и планинарството од информациите за ‘‘достигнувањата‘‘ од македонската алпинистичка и качувачка сцена, во продолжение ќе презентираме неколку информации од светот, за да не заборавиме каде се наоѓаме и во која насока треба да се движиме. ... читај повеќе ...

Сашко Кедев на Монт Еверест
... читај повеќе ...

Ново раководство на Алпинистичкиот клуб "Матка"
... читај повеќе ...

ОСТРА КАРПА - Алпинистички собир 23 - 25 Мај 2009 година
Во викендот што доаѓа ќе се одржи собир во алпинистичкиот локалитет Остра Карпа на Селечка Планина крај Прилеп. Собирот ќе започне на 23 Мај во Сабота и ќе трае до 25 Мај во Понеделник. Заради неработниот Понеделник ќе имаме продолжен викенд и можност за повеќе качување. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКА СРЕДБА НА МАТКА по повод меморијалот Васил Франговски и јубилејот 20 години од искачувањето на Еверест
Македонската алпинистичка асоцијација како и сите години претходно и оваа година, во првиот викенд од месец Мај го организираше традиционалниот алпинистички собир на Матка. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКИ ЈУБИЛЕЈ И МЕМОРИЈАЛ - Матка 9 и 10 Мај 2009
Во деновите 9 и 10 мај 2009 се одржа меморијален алпинистички собир на Матка во чест на македонските алпинисти Васил Франговски и Димитар Илиевски - Мурато, првиот македонски алпинист кој го искачи Монт Еверест, за што на 10 Мај се одбележуват 20 години. ... читај повеќе ...

НАЈСТУДЕНИОТ ДЕН
Инспириран од текстот на Бојан, решив и јас да го опишам нашето патешествие кое се одвиваше во истиот период. Изгледа во светски рамки баш тој период од Февруари 2008 година бил најстуден во годината. ... читај повеќе ...

ДОБРЕДОЈДЕ ВО ВАЈОМИНГ
Тешко е да почнам да пишувам на онаа тема, за која кога ке се погледнам во огледалото гледам магаре. Гледам итање кон самоуништување, со интелектуално слепило, водено под полна пареа од екстремната мотивација. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКА СРЕДБА И ПРОСЛАВА НА МАТКА на 9 Мај 2009, Сабота
По повод големиот јубилеј на Македонскиот Алпинизам - 20 години од искачувањето на Монт Еверест, во Сабота на 9 Мај, 2009 година, на Матка, во кругот на Манастирот Св. Никола (Шишевски Манастир) ќе биде организирана алпинистичка средба и прослава. ... читај повеќе ...

Првенствени насоки над браната Козјак (24 април 2009)
Мисија Козјак... Авантурата и рок музика од 80-тите беа нашата светла ѕвезда во овој поход кои не водеа цело време. Фаќајки ги последните зраци на сонцето успеавме успешно да искачиме дел од карпите над езерото Козјак кои ни го мамеа погледот веќе подолго време. Да, тоа беа нашите првенчиња, нашите први обиди да направиме нешто свое... првата првенствена. ... читај повеќе ...

Бугарски визи
Се известуваат сите членови на Македонската алпинистичка асоцијација кои се заинтересирани за вадење годишни бугарски визи, дека крајниот рок за доставување на комплетната документација е 4 Мај 2009 година. ... читај повеќе ...

АКЦИЈА НА МАА - СРЕДУВАЊЕ НА НАСОКИТЕ НА МАТКА
Македонската алпинистичка асоцијација кон кајот на месец Април 2009 година ќе започне акција за средување на долгите насоки на Матка. Средувањето на насоките ќе се состои од чистење од вегетација и ронливи делови, како и замена или репозиција на алпинистичките клинови. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ - петти семинар - Матка (извештај) (10-12 април 2009)
Изминатиот викенд, од 10-12 Април 2009, на алпинистичкиот локалитет Матка одржа алпинистички табор во чии рамки беше одржан петтиот алпинистички семинар во рамките на овогодинешната школа за алпинизам. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ - петти семинар - Матка
Во деновите од престојниот викенд од 10 до 12 Април 2009 година ќе се одржи петтиот семинар за почетници во кои треба да се обработуваат почетни алпинистички техники за качување на сува карпа. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ - Четврт семинар
Во деновите од престојниот викенд од 27 до 29 Март 2009 година ќе се одржи претходно поместениот курс за почетници во кои треба да се обработуваат почетни алпинистички техники за качување во зимски услови. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ - Трет Семинар (извештај) (13-15 март 2009)
Tретиот алпинистички семинар беше одржан на алпинистичкиот локалитет “Плоча” во период од 13 до 15 Март. Семинарот повторно беше масовно посетен од алпинисти почетници од најразлични делови на Македонија. Официјалниот почеток беше на 13 Март, Петок вечерта од страна на предавачите и младите алпинисти демонстратори кои беа задолжени семинарот да биде спроведен и ефикасен во најдобар ред. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ – ТРЕТ СЕМИНАР (март 2009)
Во деновите од престојниот викенд ќе се одржи третиот семинар од овогодишното алпинистичко училиште. Почетокот ќе биде во алпинистичкиот дом под локалитетот Плоча, во Петок, 13 Март во вечерните часови. ... читај повеќе ...

Бугарски визи (ПРЕЗЕМЕТЕ ГО ФОРМУЛАРОТ ОВДЕ)
Се известуваат сите членови на Македонската алпинистичка асоцијација кои се заинтересирани за вадење годишни бугарски визи, дека крајниот рок за доставување на комплетната документација е 20 Март 2009 година. ... читај повеќе ...

Алпинистичко училиште - втор семинар (извештај) (март 2009)
Изминатиот викенд повторно семинар на Шапка. Времето и местото непроменето, некои пристигнаа порано, другите подоцна, но сите со иста цел, да научат повеќе за планинарењето и алпинизмот. ... читај повеќе ...

Мразевите на Маврово
Конечно еве го и текстот... уживајте во уметничкиот израз :) ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ – Втор зимски семинар
Првиот зимски семинар од алпинистичкото училиште за 2009 година се одржа на Попова Шапка и помина во најдобар ред. На семинарот учествуваа 35 посетители, што е всушност нешто помалку од очекуваниот број, но сите работни содржини беа реализирани во најдобар ред. Честитки за учесниците во семинарот, посебно за предавачите кои ги организираа и спроведоа сите активности во најдобар ред. ... читај повеќе ...

Алпинистичко училиште - прв семинар (фото извештај) (06-08.02.2009)
Во првиот викенд од февруари започа со работа едногодишното алпинистичко училиште при Македонската алпинистичка асоцијација и Центарот за стручно оспособување. Имаше околу 35 посетители, од почетници до искусни алпинисти. Предавањата се држеа во планинарскиот дом Смрека, а практичната настава на падините на Церипашина. ... читај повеќе ...

ВО ПРЕСРЕТ НА ПОЧЕТОКОТ НА АЛПИНИСТИЧКОТО УЧИЛИШТЕ
Не дели само еден ден од почетокот на првиот семинар во рамките на алпинистичкото училиште што се организира од страна на Центарот за стручно оспособување и Македонската алпинистичка асоцијација. ... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ - Прв Семинар
... читај повеќе ...

АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ - Програма за работа во текот на првите три семинари од 2009 година
... читај повеќе ...

Магијата на мразот 2
Инспирирани од претходниот викенд, сега решивме да отидеме на дводневна акција на локалитетот Патишка Река. 7 учесници, 3 шатори, многу опрема... ... читај повеќе ...

Мразевите на Патишка Река
Да, да, добро читате. Мразевите се овде, величествени и спектакуларни како на снимките и сликите што сме ги гледале од нашите претходници. ... читај повеќе ...

Алпинистичко училиште
Ве известуваме дека Центарот за стручно оспособување во соработка со Македонската алпинистичка асоцијација во 2009 година ќе организираат училиште за алпинизам кое ќе функционира во текот на целата година. ... читај повеќе ...

Церипашина 27-28 декември 2008
Прочитајте за нашите авантури, дружења и мрзнење кои ги имавме изминатиов викенд... ... читај повеќе ...

VIP
На последниот тренинг во нашата вежбална имавме посета од претставник на мобилниот оператор ВИП за да ни ги додели мобилните телефони, како благодарност за нашиот ангажман во нивниот team building на Маркови Кули. ... читај повеќе ...

ТРАДИЦИОНАЛНО ЗИМСКО ИСКАЧУВАЊЕ НА ТИТОВ ВРВ 2748 мнв
По повод традиционалното искачување на Титов Врв кое го организира ДСП Трансверзалец дел од членовите на АД Матка, Васко Саздовски, Владимир Цветковски и Панде Фармаков, зедоа учество во ова искачување. Искачувањето беше предвидено за во недела 21.12.2008 година додека пристигнувањето беше во сабота. ... читај повеќе ...

Светскиот ден на планината – Матка 2008 (Извештај)
Како што беше закажан, така беше и одржан Светскиот ден на планината, еден од најголемите собири на планинари, алпинисти, спелеолози и други ентузијасти кои уживаат во природната убавина. За локација на овој голем настан беше одбран планинарскиот дом на Матка, кој е реновиран и разубавен, едноставно направен секој што ќе посака може да дојде и да ужива во погледот кој го нуди кањонот Матка со своите карпести делови кои се издигаат стотина метри над водата и изгледаат величествено. ... читај повеќе ...

Светскиот ден на планината – Матка 2008
Федерацијата на планинарски спортови на Македонија има голема чест и задоволство да Ве покани на големиот собир по повод меѓународниот „Ден на планината“ (11 Декември).
Настанот ќе се одржи во спортско рекреативниот центар Матка, Скопје недела, 14 Декември 2008 год. ... читај повеќе ...

Насоки на Солунска глава
... читај повеќе ...

Водачите во планина и Федерацијата на планинарски спортови на Македонија
Поводот за пишување на овој текст се два исклучително важни настани за планинарството кои се случија во изминатиот период кај нас, но околу кои, за жал, како и често пати претходно, почнуваат да се вртат карактеристичните приказни толку многу слушани во нашиве планинарски кругови... ... читај повеќе ...

Премиерно во Козина
Инспирирани од извештаите на нашите колеги качувачи, еве и ние да напишеме нешто за нашата денешна авантура... ... читај повеќе ...

Првенствена насока на Матка
Со задоцнивање од неколку недели, конечно седнав да ги составам следниве шлапанки со цел да изгледаат како извештај... ... читај повеќе ...

Момент за во историјата
Македонија доби членство во меѓународната унија на професионални водачи во планина (UIMLA - Union of international mountain leaders associations) ... читај повеќе ...

Видео снимка од искачувањето на Chere Couloir
Еве за прв пат и ние ќе се претставиме со една многу добра видео снимка од акцијата во Алпи. Конкретно се работи за искачувањето на Chere Couloir, кој е со должина од 350 метри, 70 степени мраз и оцена D. Гледајте и уживајте. ... читај повеќе ...

Алпинистички табор “Плоча” (Октомври 2008)
Таборите на Плоча се речиси секогаш најпосетени. Така беше и овој пат. Околу петнаесетина луѓе што и не е некоја голема бројка. Како повод за овој табор го имавме и отварањето на првиот алпинистички дом кој се наоѓа во подножјето на самата карпа и во овој момент може да прими околу петнаесетина луѓе што беше сосем доволно но со дополнителното уредување неговиот капацитет би се зголемил. ... читај повеќе ...

Успешно реализирана акцијата "Алпи 2008" (септември 2008)
Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел искачувања во повеќе локалитети во европските Алпи, успешно заврши со враќањето на учесниците, здрави и живи во Македонија, на 24 Септември во доцните вечерни часови. Во наредниот период ќе објавиме повеќе детали и описи на искачувањата кои беа реализирани за време на акцијата, а во меѓувреме го подготвуваме и фото и видео материјалот за презентациите кои ќе се одржат низ неколку места во Македонија. ... читај повеќе ...

Солунска Глава (22-24 август 2008)
По неколкудневно одложување на планираната тура до Солунска Глава конечно се договоривме со Зоки тоа да биде петок. Наједноставна варијанта, а воедно и најефтина е патувањето со воз. Станицата на која треба да се напушти возот е Ореше (поради пократкиот пат за пешачење, или доколку барате превоз до планинарскиот дом Чеплес единствена варијанта е да го напуштите возот во Богомила). По симнувањето од возот се пешачи околу 1 км назад по пругата се до тунелот каде што се врти десно и се доаѓа на асфалтниот пат кој води до селото Нежилово. ... читај повеќе ...

Словенечкиот алпинист Павле Козјек исчезнат на Muztagh Tower (август 2008)
Словенечкиот алпинист Павле Козјек е пријавен за исчезнат на величествената и ретко качувана Muztagh Tower (7428 мнв) во Каракорам, Пакистан. Козјек, Дејан Мишкович и Грегор Крешал заминале во Пакистан, со обид за искачување на нова насока во сеуште неискачената северна страна која е висока 2200 метри во алпски стил. ... читај повеќе ...

Лавина одзеде 8 животи на Mont Blanc du Tacul (август 2008)
Осум Швајцарски и Австриски алпинисти се сметаат за мртви и уште неколку се повредени откако беа повлечени од лавина на северозападниот дел од Mont Blanc du Tacul во француските алпи. Лавината удрила во повеќе групи качувачи, рано наутро во недела, 24 август, додека качувале нагоре. Воздушни и земјени обиди за спасување се активирани веднаш, но ниедно од телата не се пронајдени под наносите, па акцијата е прекината во недела навечер. ... читај повеќе ...

Маљовица 2008 - Импресии од најмладиот учесник (август 2008)
Еден дел од членовите на А.Д. "МАТКА" на 4 Август 2008 година организираа алпинистичко качување на локалитетот Маљовица во Бугарија. Оваа група на качувачи беше предводена од инструкторот на А.Д. "МАТКА" - Константин Циривири и Крунослав Аџиевски. Oстанатите членови беа: Жика, Ристе, Илија, Нино, Панде и Темјана. ... читај повеќе ...

Маљовица 2008 - Успешно реализирана алпинистичка акција (август 2008)
Кадровската алпинистичка акција "Маљовица 2008" заврши вчера со враќањето на сите учесници здрави (со исклучок на Коки - стомачен вирус) и живи во Македонија. Кадровските алпинистички акции МАА веќе традиционално ги организира во овој алпинистички локалитет, кој со својот потенцијал нуди навистина многу за развој на млади алпинисти. Гранитот е одличен, се качува на планина од 2000 до 2700 м.н.в. ... читај повеќе ...

Донација на опрема - Подршка за младите алпинисти од Бојан Миткоски (август 2008)
Членот на Алпинистичкото Друштво "Матка", Бојан Миткоски, кој веќе извесно време живее и качува во САД донираше опрема за младите македонски алпинисти. Еве и Бојан од САД, покрај Надир од Швајцарија, не ја заборава својата "родна грутка" и деновите на личните почетоци во алпинизмот кога било многу тешко да се комплетира опремата. ... читај повеќе ...

Извинување - проблеми со серверот (јули 2008)
Им се извинуваме на сите кои ја посетуваат нашата страна заради настанатата пауза во објавувањето нови информации која се случи заради технички проблеми со серверот преку кој е подржана истата. Се надеваме дека во иднина нема да имаме вакви проблеми. ... читај повеќе ...

Интервју со Mark Twight(јуни 2008)
Уште од раните 80-ти години на минатиот век Марк Твајт се покажа како еден од врвните алпинисти во Америка. Иако најпознат по неговите контроверзни и спротивставувачки текстови во алпинистичкиот печат, неговите насоки се меѓу најтешките. Многу од неговите искачувања не се повторени или пак се повторени во многу полесни услови отколку оние кога тој ги качил. Дури и неговите неуспеси, како на пример Рупал на Нанга Парбат и Северната страна на Еверест, се сместуваат меѓу најголемите постигнувања во алпинистичката историја. ... читај повеќе ...

Прво женско искачување на Deprivation (мај 2008)
Zoe Hart и Maxime Turgeon го искористија релативно доброто време на Mt. Hunter за да ја искачат насоката Deprivation (ED+, 5.8 A3 AI6 1860 m.) искачена за прв пат во 1994 од Скот Бејкс и Марк Твајт (Scot Bakes – Mark Twight). Насоката се наоѓа на северозападната страна на Mt. Hunter, десно од почесто искачуваната насока Moonflower Buttress. ... читај повеќе ...

Бабанов на Dhaulagiri (мај 2008)
Dhaulagiri - Искачување во алпски стил по северо источниот гребен на шестиот по височина врв во светот, изведено од страна на Валери Бабанов и Николај Тотманин. На 1 Мај оваа година, светската алпинистичка легенда Валери Бабанов заедно со својот руски колега се искачија на 8167 метри високиот хималајски врв Dhaulagiri преку североисточниот гребен. Искачувањето е изведено во алпски стил без користење на висински логори, фиксни јажиња и сл, стил многу често практикуван од Бабанов во најголемите планини и карпи низ светот. ... читај повеќе ...

АЉАСКА - Нова насока на досега неискачен врв (мај 2008)
Ben Gilmore, Maxime Turgeon и Freddie Wilkinson искачија нова првенствена насока на девствениот врв Beat's Ears висок 3366 метри, веројатно највисокиот неискачен врв на Аљаска. Тројката се качила на врвот по неговата јужна страна висока околу 1000 метри. Вкупното времетраење на активностите од базен логор до базен логор изнесувало 23 часа. Тежината на насоката изнесува околу WI 4+/М5+. Во најделикатните делови биле принудени да качуваат по тенок мраз и замрзнат песок поради кое што нивните орудија се истапиле. ... читај повеќе ...

НЕПАЛ - Нови намалени цени за искачување на врвовите (мај 2008)
Непалската влада донесе одлука за намалување на износот на таксите за качување на врвовите во Непал, зависно од сезоната на искачување. Почнувајки од 18 Јуни 2008 година, таксите за искачување на врвовите во т.н. постмонсунски период, односно наесен се за 50% пониски од редовните такси кои важат за на пролет, т.е. во предмонсунскиот период. Во зимскиот период попустот изнесува дури 75%. Така на пример, ако за една екипа од седум члена која сака да се искачи на Монт Еверест преку Југоисточниот пристап во пролет, таксата изнесува 70.000$ ... читај повеќе ...

Психолошки тренинг - Mark Twight (15 мај 2008)
Името на Марк Ф. Твајт (Mark F. Twight) е едно од најмаркантните алпинистички имња во современиот алпинизам. Неговото име нема да го пронајдеме во аналите каде што се евидентирани алпинистичките рекордери по врвовите повисоки од 8000 метри или пак меѓу колекционерите од типот на ,,seven summits,,. Но внимателното следење на алпинистичката биографија на Марк Твајт, како и читањето на неговите текстови, посебно на неговите две најпопуларни книги Extreme Alpinism и Kiss or kill ... читај повеќе ...

МАТКА - Алпинистички собир - Васил Франговски (9-11 мај 2008)
Минатиот викенд од Петокот до Неделата на Матка се одржа традиционалниот алпинистички собир посветен на алпинистот Васил Франговски. Првичната работна концепција за собирот беше на него главно да се реализираат качувања по избор, но заради структурата на учесниците, т.е. присуството на поголем број млади алпинисти кои се уште се наоѓаат во почетна фаза од обуката, програмата беше пренасочена кон обука за качување првенствени насоки и демонстрација на одредени постапки и техники за осигурување, изработка на сидришта и евакуација од карпа. ... читај повеќе ...

Кинезите го искачија олимпискиот оган на врвот на светот (7 мај 2008)
23 годишната Тибетанка Тсеринг Вангмо, е првата од кинескиот алпинистички тим која ноќеска го искачи врвот на Монт Еверест со олимпискиот факел во рацете. Во 3 часот и 24 минути наутро ударниот тим од 19 алпинисти со боци за кислород носејки го со себе олимпискиот факел и пратени со драматичен видео пренос во живо од државната кинеска телевизиска мрежа ССТВ го искачија највисокиот врв на светот. ... читај повеќе ...

Интервју со Адам Ондра (мај 2008)
Преземено интервју со Адам Ондра, 15 годишното момче кое веќе стана еден од најуспешните и најталентираните спортски качувачи во светот. Петнаесет годишниот Aдам Ондра може да стане за качувањето истото она што беше Сергеј Бубка во скоковите со стап. Сличностите се јасни, иако Ондра се уште треба да се докаже како нов, тој сега ги качува постоечките насоки во неверојатен стил. ... читај повеќе ...

Алпинистички Собир - Меморијал Васил Франговски (09-11 мај 2008)
Алпинистичкиот собир - меморијалот посветен на алпинистот "Васил Франговски" ќе се одржи во деновите од 9 до 11 Мај 2008 година во алпинистичкиот локалитет "Матка". Сместувањето ќе биде во сопствени шатори во дворот на Манастирот Св. Никола. Учесниците на собирот должни се со себе да носат комплетна алпинистичка опрема за качување во "сува карпа", како и да имаат активни полиси за осигурување од незгода. ... читај повеќе ...

Извештај од алпинистичкиот табор на Пилав Тепе (12-13 април 2008)
Поголемиот дел од членовите на АД "Матка" пристигнаа во текот на денот во Петокот и беа добро пречекани од домаќинот на таборот Зоран Мајсторски во просториите на новиот планинарски дом кој е сеуште во изградба, но сепак нуди услови за неколкудневно сместување. Дел од членовите се сместија во домот, а другите продолжија кон подножјето на карпата каде поставија два шатори. ... читај повеќе ...

Русите искачија тешка big wall насока на Памир - Алаи (март 2008)
Силен качувачки тим од Русија, Ленинград, предводен од Валери Шамало, кој лани беше дел од успешната Руска експедиција на западната страна на К2, храбро го спротистави својот тим на бездушните, сурови услови во Киргизстан, Памир - Алаи. ... читај повеќе ...

Ројал Флаш на Фиц Рој качена во алпски стил (Јануари 2008)
Американците Џими Хајден и Мајк Пенингс го направија првото искачување во алпски стил на Royal Flush и единственото повторување на насоката до врвот Фиц Рој. Хејден и Пенингс ја качија насоката од 1200 метри на огрoмната источна страна на Фиц Рој за повеќе од два дена, поголемиот дел во слободен стил. ... читај повеќе ...

Искачена Јужната Кула на Авелано во Чилеанска Патагонија (Јануари 2008)
Џим Дoнини (Jim Donini) и Том Енгелбах (Thom Engelbach) го направија првото искачување на најјужната кула Авелано (Avellano Tower), група на оддалечени гранитни карпи североисточно од Лаго Џенерал Карера (Lago General Carrera) во Чилеанска Патагонија. ... читај повеќе ...

Прекрасна првенствена насока на Патагониските кули (Март 2008)
Aмериканците Тоби Гроун (Toby Grohne) и Џеси Хјуи (Jesse Huey) искачија првенствена насока на Сент Егзипери (Agjua St. Exupery), врв во околината јужно од Фиц Рој во Патагонија. Двајцата ја качија Last Gringos Standing (VII 5.11- C1) лево од како нож остар раб на врвот за два дена во почетокот на март. ... читај повеќе ...

Ајгер од Карпестите планини (Април 2008)
10 дена откако Рафаел Славински со својот тим го направи првото зимско искачување на Гринвуд-Џонс насоката (IV/V M6, 20 должини, 1300m) на Mt. Temple во Карпестите Планини во времетраење од 3 дена, Стив Хаус (Steve House) и Роџер Стронг (Roger Strong) ја поминаа истата насока за помалку од 26 часа (до врвот и назад). Во лето Гринвуд-Џонс насоката е со оцена VI и беше последна голема насока без зимско искачување. ... читај повеќе ...

Семинар за меѓународна лиценца - European Mountain Leader (март 2008)
Во организација на Центарот за стручно оспособување при ФПСМ и меѓународната унија на професионалните планински лидери (UIMLA - Union of International Mountain Leader Assotiations), а во соработка со француската организација за регионален развој на туризмот - CRET (Centre Regional et Europeen du tourisme) и Француската Амбасада во нашата земја, беше организиран семинар за рестандардизирање на македонската програма за обука на Водачите во планина согласно со критериумите на меѓународната унија. ... читај повеќе ...

ОГЛАС - Обука на спасители на планина (12 Февруари 2008)
Алпинистичкото друштво "Матка" објавува конкурс за прием на кандидати кои се заинтересирани за обука за планинско спасување со можност за иден професионален ангажман. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- повеќегодишно планинарско искуство;
- познавања и интерес во областа на алпинизмот;
- солидно владеење со скијачка техника.
Пријавување и дополнителни информации можат да се добијат на телефон: 071/36 92 80
... читај повеќе ...

ПОПОВА ШАПКА - Почетен зимски курс за алпинизам (1-3 Февруари 2008)
Во деновите од наредниот викенд на Попова Шапка ќе се одржи првиот годинашен курс за почетници во алпинизмот. Курсот се организира како дел од календарски планираните активности на Македонската алпинистичка асоцијација и Центарот за стручно оспособување при ФПСМ, во делот на едукациските активности за 2008 година. На курсот можат да присуствуваат сите заинтересирани за обука и проширување на своите знаења во областа на зимскиот алпинизам. За време на планираните активности, како што може да се види од приложената програма за работа, ќе се работат основни техники и постапки за безбедно движење на планина, на стрмен и карпест терен, а ќе биде изведена и обука за основите на лавинологијата. ... читај повеќе ...


Информациите за претходните реализирани акции можете да ги побарате на линкот Реализирани акции.

 

Алпинистичко друштво "МАТКА"

Мисија на алпинистичкото друштво "МАТКА"

Нашата мисија е градење на врвен алпинизам во Република Македонија. Нашата цел е институционализиран алпинизам кој ќе ги обедини и води луѓето подготвени за работа, желни за нови достигнувања и способни за соочување со најголемите светски предизвици.

Обучувавме алпинисти, пишувавме стручна литература, уредувавме алпинистички локалитети, организиравме експедиции, му ги подаривме на македонскиот спорт најтешките искачувања, градевме институција, создадовме историја.

И денес продолжуваме со работа. Тешките времиња, беспарицата, изолацијата, подмолните противници не можат да не обесхрабрат. Продолжуваме и создаваме иднина за македонскиот алпинизам.


Визија на алпинистичкото друштво "МАТКА"

Нашата визија е македонскиот алпинизам да биде дел од светската алпинистичка реалност. Секоја година да има Македонци во тешките алпски стени, на Андите, на Хималаите, Памир, Тјен шан, Патагонија ...

Да ја вградиме посебноста на македонскиот алпинист во светското алпинистичко семејство. Квалитетите на луѓето од нашата подлога да бидат придонес за светскиот космополитизам. Така како што правеле нашите славни предци низ илјадниците години македонска историја.

Линкови

Facebook група

Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.