Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Семинар за меѓународна лиценца - European Mountain Leader (Март 2008)

Во организација на Центарот за стручно оспособување при ФПСМ и меѓународната унија на професионалните планински лидери ( UIMLA - Union of International Mountain Leader Assotiations), а во соработка со француската организација за регионален развој на туризмот - CRET (Centre Regional et Europeen du tourisme) и Француската Амбасада во нашата земја, беше организиран семинар за рестандардизирање на македонската програма за обука на Водачите во планина согласно со критериумите на меѓународната унија.

Семинарот се одржа на Попова шапка во периодот од 17 до 22 Март 2008 година, а на него земаа учество петнаесет водачи во планина, главно инструктори и предавачи во ЦСО, како и водачите од последната генерација кои покажаа најдобар успех за време на обуката.


За прв пат во Македонија - организирана обука на водачите во планина за
примена на дрезгите во планинскиот туризам

Цел на семинарот беше да се обучат петнаесетина водачи за оние наставни содржини кои не беа застапени во доволна мерка во нашата програма за обука, а истите се неопходни според критериумите за обука на UIMLA.

Потоа, до крајот на зимата 2009 година, наша обврска е да се организираат семинари за дообука, со сите водачи во нашата земја, како неопходен услов за признавање на нашата лиценца од страна на меѓународната унија.


Втората тура кон Церипашина

Со семинарот раководеше Господинот Yves Fouque од Франција, професионален планински лидер и преставник на меѓународната унија на професионалните водачи во планина. Неговото присуство во Македонија едновремено беше искористено и за вршење еден вид инспекција на степенот на обученост и општата состојба со водачите во планина кај нас.

Заради тоа, Господинот Fouque, покрај обуката на Попова Шапка, направи посета и во неколку други планински региони, со цел да изврши процена на состојбата во планинскиот туризам и да се направи заедничка стратегија за јакнење на организацијата на водачите во планина во Македонија, како и на Центарот за стручно оспособување.

 


Малку одмор за неопходното средување на импресиите,
во секој случај воодушевувачки

Според првичните заклучоци, кои по неговото враќање во Франција ќе ни бидат доставени и во писмена форма како официјален документ, Господинот Fouque е максимално задоволен од нивото на подготвеност на македонските водачи во планина, и со завршување на последниов семинар за достандардизација на програмите за обука, како што самиот изјави, ние наполно ги исполнуваме меѓународните критериуми.

Заостануваме во делот на степенот на организираност на водачите во планина и според критериумите на UIMLA не е дозволено водачите во планина да се здружуваат во организациски форми внатре во планинарската или било која друга спортска федерација, туку исклучиво во организации - здруженија чија што првенствена цел е занимавање со планинскиот туризам како бизнис. Едукацијата на планинските водачи, според критериумите на UIMLA може да биде во рамките на спортска организација како што е ЦСО при ФПСМ, но деловното работење мора да се одвои од спортските активности.


Yves Fouque, во средината на фотографијата

Господинот Fouque во врска со ова, кое за нас беше по малку чудно и неприфатливо, го изложи примерот од Франција, Британија, Италија, Швајцарија и други земји, каде што водачите во планина како спортисти и активисти членуваат во своите матични клубови и во федерациите, но деловното работење и целата регулација на работењето поврзано со планинскиот туризам се остварува преку здруженија на професионални работници - водачи во планина кои се одвоени од федерациите.

На семинарот на Попова Шапка беа обработени следниве работни содржини.

- Движење со дрезги (snow shoes) како една од најсериозните планински туристички понуди во зимскиот период - светски искуства и перспективи.

- Техника на движење со дрезги (snow shoes) и организација на еднодевна и повеќедневна тура.

- Основи на комуникологијата во група на планина составена од клиенти и водачи.


Константин и Yves на Сини Врв - полека се остварува заедничкиот сон,
Македонија станува членка на UIMLA

- Менаџирање со групата на планина во редовни и вондредни ситуации;

- Селекција и класификација на клиентите.

- Неопходни стандарди кои треба да бидат запазени при организирање тура и пакет аранжман со странски туристи.

- Соработка помеѓу водачите во планина и туристичките агенции;

- Стратегија за уредување на инфраструктурата во планините согласно со потребите на современите клиенти.


Учесниците на курсот на Сини Врв. Фотографија за помнење, за во архивите на
Македонскиот планински туризам но и за во нашите срца

- Работилница за изработка на пакет аранжман - понуда за странскиот пазар низ македонските планини и културните споменици.

- Запознавање со основните принципи на организираност и работењето на меѓународната унија на професионални водачи во планина - UIMLA, како и потребни услови за членство и признавање на домашната лиценца.

- Компаративна анализа на програмите за обука помеѓу UIMLA и ЦСО - ФПСМ.

- Работилници за популаризација на планинскиот туризам и работа со деца.

- Запознавање со основниот наставен и работен прибор за анализа на снегот.

Во наредниот период, во Македонија во форма на монитори ќе престојуваат и други преставници на UIMLA, со цел да направат детална анализа на состојбата со планинскиот туризам и организацијата на водачите во планина, а исто така предвидени се и посети на наши инструктори на странските образовни институции, пред се на ЦРЕТ тренинг центарот во Briancon во Франција.

Практично, пред нас предстои напорен и по малку тензичен период за целосно иплементирање на стандардите на UIMLA, но крајниот бенефит ќе биде од огромно значење за сите нас.


На враќање од Сини Врв - согледување на перспективите на овој вид понуда
во планинскиот туризам и очигледно задоволство кај сите учесници

Водачите во планина ќе се здобијат со меѓународно призната лиценца со која ќе можат да водат туристи на планина во земјите на ЕУ, нашите агенции (оние кои ќе имаат склучено договори со лиценцирани водачи) ќе можат да прифаќаат странски туристи за планински туризам согласно со европските правилници за работа, а планинарската организација ќе се здобие со висококвалификувани стручни лица кои ќе работат на популаризација и омасовување на планинарството.

На крајот да не забораваме дека анализите на сите странски експерти кои изминативе години се занимаваа со македонската економија, укажуваат на тоа дека планинскиот и останатите форми на алтернативен туризам се најперспективните стопански дејности со најголема оправданост на вложените инвестиции.

Во моментов Господинот Yves Fouque престојува во Тетово каде што ќе реализира поголем број состаноци и предавања поврзани со планинскиот туризам.

Константин Циривири

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.