Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Ајгер од Карпестите планини (Април 2008)

10 дена откако Рафаел Славински со својот тим го направи првото зимско искачување на Гринвуд-Џонс насоката (IV/V M6, 20 должини, 1300m) на Mt. Temple во Карпестите Планини во времетраење од 3 дена, Стив Хаус (Steve House) и Роџер Стронг (Roger Strong) ја поминаа истата насока за помалку од 26 часа (до врвот и назад). Во лето Гринвуд-Џонс насоката е со оцена VI и беше последна голема насока без зимско искачување. Инспирирани од успехот на Славински-Волш-Велстед ( Raphael Slawinski, Ian Welsted и Eamonn Walsh ) 10 дена претходно, Хаус и Стронг донесуваат одлука (после неколку пива) за искачување на насоката во еден здив, без бивакување. Искачувањето започнало на 20 март во 6:40 наутро, на врвот биле во 2 по полноќ, а спуштањето било по многу долгиот југозападен срт. Во кампот биле во 7:15 наутро, 25 часа и 35 минути од почетокот на качувањето.

Временските услови биле идеални за качување, снегот бил замрзнат, мразот мошне квалитетен за качување, карпата била цврста. Температурата била во просек -18 степени. Единствен проблем настанал при крајот на качувањето, кога Хаус при излезот на најтешкиот дел од насоката скршил една од бајлите и после падот морал да го помине истиот дел слободно со ракавици.

Од опрема Хаус и Стронг носеле само најнеопходно, малку храна, вода и примус, за разлика од тимот на Славински кои ги носеле “ сите удобности ” и токму поради тоа нивното искачување траело 3 дена од кои ефективни биле 26 часа.

Ристе Калинов

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.