Назад на Новости
Искачена Јужната Кула на Авелано во Чилеанската Патагонија (Јануари 2008)
Џим Дoнини (Jim Donini) и Том Енгелбах (Thom Engelbach) го направија првото искачување на најјужната кула Авелано (Avellano Tower), група на оддалечени гранитни карпи североисточно од Лаго Џенерал Карера (Lago General Carrera) во Чилеанска Патагонија. „Карпата (на кулите Авелано) се движи од одлична до ронлива, и како резултат на близината со ледената покривка во Северна Патагонија времето може да биде напорно“ но не и овој јануари, кога обајцата уживаа во прекрасните временски услови за време на искачивањето на нивната првенствена насока.

Јужната Кула Авелано, гледан од запад. Донини и Енгелбах бивакуваа на седлото десно и искачија насока од 16 должини на далечната страна на кулата.Фото: Џим Донини.
Базниот логор беше домот кој Донини го изгради на грегот на Лаго Џенерал Карера. Оттаму, по кратко возење и седум часа „мачно пешачење“ двајцата стигнуваат до прекрасниот цирк под врвот. Следниот ден тие качуваат до седлото јужно од кулата за да ја разгледаат насоката низ југоисточниот гребен; ја остваат опремата и се враќаат во базниот логор. На 23 јануари, по уживањето на невообичаеното топло сонце во логорот, тие пешачеа 2 часа до седлот каде бивакуваа, и следното утро почнаа да качуваат пред зори, „на мирно време, без ветер, качувањето повеќе прилегаше на посета на Националниот Парк во карпестите Планини, отколку првенствена насока на Патагонија.“, вели Донини. По 16 должини, тие ја завршија Avenali Avenue (V 5.11- R A0), (Авенија Авенали), наречена по нивниот ментор, алпинист и конзерватор, Питер Авенали. Тие се вратија на седлото на полноќ, по вкупно 18 часа на планина.

Том Енгелбах води во Avelani Avenue (VII 5.11-R A0) на Јужната Кула Авелано, Чиле. Фото: Џим Донини .
Донини и Енгелбах се надеваа дека ќе направат нова насока на Северниот столб на Фиц Рој, која ја пробува двапати претходно, но повредата на раката на Енгелбах ги оттргна од ова качување.
Во истата област беше искачена насока до врвот на столбот, во јануари од страна на Бин Бауерс (Bean Bowers) и Роландо Гариботи (Rolando Garibotti).
Првите алпинисти ги истражија кулите Авелано во 2004, кога група под водство на американецот Дејв Андерсон (Dave Anderson) и чилеанецот Начо Грез (Nacho Grez) ја качија највисоката кула за 27-дневна експедиција. Андерсон и Џејми Селда (Јamie Selda) исто така се обидоа на североисточниот столб на кулата, качувајќи околу 300 метри пред невреме да ги принуди да се симнат. Грез се враќаше двапати и на крај ја заврши директната насока на североисточната страна во 2006, со Начо Моралес (Nacho Morales).
Датум на искачување: 24 јануари 2008
Преземено од: www.climbing.com
Никола Андоноски |