Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Извештај од алпинистичкиот табор на Пилав Тепе (12-13 април 2008)

Поголемиот дел од членовите на АД "Матка" пристигнаа во текот на денот во Петокот и беа добро пречекани од домаќинот на таборот Зоран Мајсторски во просториите на новиот планинарски дом кој е сеуште во изградба, но сепак нуди услови за неколкудневно сместување. Дел од членовите се сместија во домот, а другите продолжија кон подножјето на карпата каде поставија два шатори.

Според очекувањата требаше да имаме добар викенд со врнежи во недела, но сепак времето не послужи и имавме одличен ден за качување и во Неделата.

Качувачката акција започна рано во Саботата околу 7:00 часот. Се разбудивме и уживавме во одличното време и некаде околу 8:15 се собраа сите ентузијасти под карпата и качувањето можеше да започне. На располагање ја имавме целата карпа со сите одлично исклинчени насоки, повеќето од клиновите беа експанзиони што ни влеваше дополнителна сигурност но воедно и можност и помалку искусните да искачат некоја насока.

Почнувајќи од десно кон лево на локалитетот беа искачени насоките: Бомбона, Атис, Два Роберта, Младина, Ракета (на која за прв пат беше поставено сто метарско јаже за брзо абзел спуштање од насоките), Александар, Левичарски, Ајс, ГеТеЗе, и двете нови насоки на помалата карпа - Мала централа и Катанга. При тоа имаше и поставено јаже од горе (top rope) на Бозо и другите насоки од тој сектор каде што качуваа помладите членови.

Во саботата имаше силен ветар кој им даваше дополнителна тежина на насоките и ни овозможи да направиме одличен тренинг и во поекстремни услови, сепак чувството беше одлично.

Дружењето продолжи и после крајот на качувачкиот ден, и секој се релаксираше на свој начин, поголемиот дел од членовите гледаа филмови од големите искачувања околу што се отворија широки теми на разговор.

Наредниот ден во очекување на дожд и полоши услови на качување добивме изненадувачки добро време со посмирен ветар и одлични услови за качување и забавата можеше да продолжи.

Учесници од АД “ Матка ” :

Илија Циривири

  1. Владимир Цветкоски
  2. Жикица Ивановски
  3. Никола Андоноски
  4. Ристе Калинов
  5. Славчо Утковски
  6. Стефан Баневски
  7. Панде Фармаков
  8. Ненад Радевски

Наврски и искачени насоки:

Ред. бр.

Наврска

Насока

1.   

Владимир Цветкоски – Ристе Калинов

Атис

2.   

Владимир Цветкоски – Ристе Калинов

Младина 88

3.   

Владимир Цветкоски – Ристе Калинов

Катанга

4.   

Владимир Цветкоски – Ристе Калинов

Два Роберта

5.   

Ристе Калинов – Владимир Цветкоски

Левичарски

6.   

Ристе Калинов – Владимир Цветкоски

Ајс

7.   

Никола Андоноски – Владимир Цветкоски

Бонбона

8.   

Никола Андоноски – Владимир Цветкоски

Ракета

9.   

Никола Андоноски – Владимир Цветкоски

Левичарски

10.   

Жикица Ивановски – Никола Андоноски

Младина 88

11.   

Жикица Ивановски – Никола Андоноски

Атис

12.   

Жикица Ивановски – Алберт

Бомбона

13.   

Жикица Ивановски – Алберт

Атис

14.   

Жикица Ивановски – Алберт – Панде Фармаков

Мала Централа

15.   

Жикица Ивановски – Стефан Баневски

Катанга

16.   

Жикица Ивановски – Панде Фармаков

Левичарски

17.   

Жикица Ивановски – Панде Фармаков

Бомбона

18.   

Жикица Ивановски – Панде Фармаков

Ајс

19.   

Жикица Ивановски – Панде Фармаков – Стефан Баневски

Атис

20.   

Жикица Ивановски – Илија Циривири

Два Роберта

21.   

Зоран Мајсторски - Илија Циривири

Камин

22.   

Илија Циривири – Славчо Утковски

Катанга

23.   

Илија Циривири – Славчо Утковски

Левичарски

24.   

Илија Циривири – Славчо Утковски

Младина 88

25.   

Илија Циривири – Славчо Утковски

Атис

26.   

Зоран Мајсторски - Илија Циривири

Александар

27.   

Илија Циривири – Славчо Утковски

Ракета

28.   

Ненад Радевски – Алберт

Ракета

29.   

Ненад Радевски – Алберт

Атис

30.   

Зоран Мајсторски – Ненад Радевски

Камин

 

Владимир Цветкоски

 

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.