Назад на Новости
Алпинистички Собир - Меморијал Васил Франговски (09-11 мај 2008)
Алпинистичкиот собир - меморијалот посветен на алпинистот "Васил Франговски" ќе се одржи во деновите од 9 до 11 Мај 2008 година во алпинистичкиот локалитет "Матка".
Сместувањето ќе биде во сопствени шатори во дворот на Манастирот Св. Никола. На располагање на алпинистите ќе им бидат дел од објектите на манастирот (тоалет, шпорет, отоворената трпезарија). Секој учесник треба да има опрема за кампување. Исхраната е од ранец, со тоа што алпинистичкото друштво "Матка" ќе направи обид да обезбеди по еден оброк во сабота и во недела на ручек.
Учесниците на собирот должни се со себе да носат комплетна алпинистичка опрема за качување во "сува карпа", како и да имаат активни полиси за осигурување од незгода.
При качувањето во насоките задолжително е придржување кон одредбите од Правилникот за работа на МАА, како и целосно внимание кон безбедноста и условите за качување.
Работна содржина на собирот е качување по избор и повторување на основните принципи и постапки за осигурување во алпинистичка насока, при што ќе бидат изведени демонстрации на постпаките од страна на кандидати за називите "Курсист", "Помлад Алпинист" и "Алпинист".
Во вечерните часови ќе бидат организирани видео проекции и дискусија на одредени теми од областа на алпинизмот.
Во Сабота приквечер ќе биде извршено чествување пред спомен плочата на Васил Франговски со положување на цвеќе.
Дополнителни информации можат да се добијат на телефоните:
071/ 369 280 - Костантин Циривири;
070/ 342 828 - Крунослав Аџиевски;
070/ 670 785 - Ристе Калинов.
Ве очекуваме на Матка!
Константин Циривири
|
Биографија на Васил Франговски 
Васил Франговски е роден на 10 Мај 1952 година во Скопје. Во текот на своето школување бил одличен ученик, а потоа се запишал на Машинскиот факултет во Скопје каде што дипломирал на Институтот за Термодинамика и термоенергетика. По завршувањето на студиите се вработил во ОХИС во Институтот за развој и инвестиции како самостоен проектант.
Почнувајки од школските денови Васил Франговски се бавел со општествени активности. Бил член и претседател на оделенски заедници, младински активи, собири на студенти, делегат на Сојузот за настава и наука и др.
Со планинарство се занимава од 1970 година.
Бил член на планинарското друштво "Елема" при Електро - машинскиот факултет, на планинарското друштво "Охис" и член на алпинистичкото друштво "Матка". При организирањето на експедицијата "Анди 82" бил член на раководството на експедицијата. Во перидот на седумдесетите и почетокот на осумдесетите Васил Франговски бил еден од најактивните планинари и алпинисти во нашата земја. Се искачил на најголемиот број врвови во Македонија, Бугарија, Грција, а се искачил и на Mont Blanc , Chopikalki и Huascaran во Јужна Америка.
Васил Франговски загина на 21 Август 1982 година во алпинистичкиот локалитет Матка при искачување на насоката "Борник".
За неговите вондредни заслуги на полето на алпинизмот, Васил Франговски е одликуван со највисокото признание на градот Скопје наградата 13 Ноември. |
|