Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Интервју со Адам Ондра (мај 2008)

Преземено интервју со Адам Ондра, 15 годишното момче кое веќе стана еден од најуспешните и најталентираните спортски качувачи во светот.

Петнаесет годишниот Aдам Ондра може да стане за качувањето истото она што беше Сергеј Бубка во скоковите со стап. Сличностите се јасни, иако Ондра се уште треба да се докаже како нов, тој сега ги качува постоечките насоки во неверојатен стил.

Неговите искачувања во текот на една година, за повеќето други качувачи се резултат на повеќегодишни активности, а со скорешното 9а+ со редпоинт и 8с онсајт во Санта Лиња во Шпанија, и редпоинт од петтиот обид на насоката што ја качи во Сиурана како репер, со име Ла Рамбла и со тежина од 9а+.

Во јули 2007 ја изненади качувачката јавност со веста за неговото прво целодневно качување на супер техничката долга насока Силбергајер со тежина 8b+ во Ретикон. Претходно беше на насловните страни со неговото повторување на Дримтајм Fb8b, можеби најпознатиот болдер проблем во Крескано, Швајцарија.

Овие достигнувања не се случајни и на некој начин логични за едно дете кое на 11 години качуваше онсајт 8а+ и редпоинт 8с. Но иако стандардите пораснаа, нема ништо едноставно во качувањето н a 8а+, а камоли 9а+. Ондра несомнено ја води новата моќна генерација и очигледно поседува нешто навистина посебно. Одлучивме да дознаеме повеќе.


Интервју со Адам Ондра

- Aдам, твојата листа на искачувања се чини бескрајна. Кажи ни повеќе...

Aдaм Oндрa: Очигледно се обидувам да качувам надвор во природа, секогаш сакав да се концентрирам и на онсајт и пинкпоинт искачувања. Ако сакам да пробам тешки онсајтови тогаш патувам во Јужна Европа, зашто тамошните насоки се повеќе концентрирани на издржливост.

- Да се критикува твојот стил на качување е како да се бара игла во стог сено, но како и да е, може да се рече дека најмногу си во спортско качување, без болдеринг. Но по твоето повторување на Дримтајм, ова веќе не важи.

Aдaм Oндрa: Сакав да одам во Тикино за малку подолго пред Велигден, но порано качував насоки насекаде. Временската прогноза беше лоша за Австрија и Германија но одлична за Тикино, па се решивме да одиме. Дримтајм веднаш ме импресионира. Ноќта заврна снег а потоа се стопи. Мислев дека нема да биде добро но триењето беше одлично. Стоечката варијанта ја направив по петтиот обид и во долниот дел беше навистина добро. Но паднав околу четири пати кај динамичкото исфрлување (дајно). Се одморив еден час, наредниот обид речиси го имав тоа фаќалиште, па половина час одмор и немаше шанси да не го качам Дримтајм! Беше тоа прекрасен момент.

-Најмногу имаш повторувања на туѓи насоки, и многу од твоите искачувања произлегуваат многу брзо после малку обиди. А што станува со твои проекти? Што би се случило ако вложиш 50 обиди во еден проект, наместо само 5?

Aдaм Oндрa: Минатата година ја направив насоката Перла виходу на Моравски Крас. Иако отпрвин ја оценив со 9а, подоцна предложив 8с+. За нареднава година имам некои нови линии во глава, но качувањето е забрането во овие области поради еколошки причини. Секако задовоството од првенствените насоки е поголемо и секако не мора да значи дека мора да биде насока до моите граници. Тоа е нешто што го оставате таму, на карпата. Најдов некои многу тешки проекти и знаев дека ќе ми требаат многу обиди за да ги качам, не се обидов туку ќе почекам неколку години за да се подобрам и да ги качам побрзо. Тоа е она што го правам во моментов, но кога ќе бидам постар шансите за да се подобрам се помали, и можеби тогаш би работел на нешто навистина тешко.

-Како изгледа еден твој типичен ден на некој локалитет?

Aдaм Oндрa: Обично качувам една или две лесни насоки за загревање ( 7b/c), потоа добивам сила за нешто тешко и го качувам. Одморам многу помеѓу обидите на тешки насоки кои бараат издржливост, околу 3 часа или повеќе. Ми треба многу време за да се опоравам до истата сила по доста долго качување. На пример, пред успешниот обид на Ла Рамбла чекав 5 часа! Ако насоката има лесен почеток се загревам на неа и подготвен сум за тешките делови погоре. Преблемот е кога насоката е тешка од самиот почеток. А кога качувам болдери се одморам само еден или два часа меѓу два обиди.

- А кога не можеш да качуваш надвор?

Aдaм Oндрa: Тренирам исклучиво на мали болдер-ѕидови. Тренирам обично 4-5 пати во неделата, за сила и силова издржливост (20-30 движења). Обично качувам во водство на ѕидови само два пати во неделата преку зима.:-) Во лето качувам во сала само пред натпревари. А ако немам натпревари, во лето воопшто не качувам во сала!

-Минатата година не изненади со спортско качување во планините. Кажи ни повеќе за тоа искуство.

Aдaм Oндрa: Мислав за Силбергајер пролетта минатата година, кога мојот пријател Ондра Бенес (кој ја повтори насоката во 2006) ми ја препорача насоката. Но не ја планирав вистински, тоа беше за наредната година. Но беше многу жешко во Франкенџура, каде сакав да поминам добар дел од летото. И Сибергајер ми падна на ум. Долгите насоки (повеќе должини) навистина ме инспирираат, и би сакал да се вратам!

-А што стаува со други форми на качување, како на пример традиционално?

Aдaм Oндрa: Хмм, можеби. Но немам поставувано чокови и френдови и не знам дали сум доволно вешт :-)

-Продолжуваш неверојатно да качуваш надвор на карпи. Како гледаш на натпреварите во сала?

Aдaм Oндрa: Иако тоа е најдобар начин да се споредат качувачите, не сум уживал многу во нив досега. Ќе видам, можеби ако се натпреварувам во Светскиот Куп ке ме заинересира повеќе. Летото би сакал да заминам за Сиднеј за Младинскиот Светски Шампионат, којзнае...

-Со толку качени насоки годинава, што ти е во план за остатокот од 2008?

Aдaм Oндрa: Минатата година беше одлична. Пробав многу нови работи и уживав. Не сакам да ги качувам моите цели за остатокот од 2008, инаку нема да се остварат!

-Има ли нешто како најтешка насока во светот?

Aдaм Oндрa: О, нависитна не знам. Но не би бил изненаден со, на пример, некоја стара 9а како Оупен Ер на Шлајервасерфал (Александер Хубер, 1996) е една од најтешките.

-Па, што е најтешкото нешто на светот?

Aдaм Oндрa: Да не качуваш!

Преземено од: www.planetmountain.com

Превод: Никола Андоноски

 

 

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.