Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Кинезите го искачија олимпискиот оган на врвот на светот (7 мај 2008)

23 годишната Тибетанка Тсеринг Вангмо е првата од кинескиот алпинистички тим која ноќеска го искачи врвот на Монт Еверест со олимпискиот факел во рацете.

Во 3 часот и 24 минути наутро ударниот тим од 19 алпинисти со боци за кислород носејки го со себе олимпискиот факел и пратени со драматичен видео пренос во живо од државната кинеска телевизиска мрежа ССТВ го искачија највисокиот врв на светот.


Специјално изработениот факел и покрај лошите временски услови прва на 8.848 метри високиот врв го искачи 2 3 годишна та алпинистка, една од двете тибетанки кои се дел од кинескиот тим.

Качувачите го започнаа искачувањето во 3 часот по кинеско време од Тибетската страна на Еверест, а со искачувањето од највисокиот логор до врвот завршија во 9 часот и 13 минути каде се задржаа околу 1 час.

Алпинистите поделени на носачи на факели и на извлекувачи во случај на проблеми, се менуваа во носењето на олимпискиот пламен кој гореше и покрај реткиот кислород, силниот ветер и неповолните временски услови.

Како што пренесуваа светските медиуми кои во живо го следеа историскиот потфат повеќемина алпинисти од тимот носеле идентични факели во случај првиот да се изгасне.

Дури 22-ца од целиот тим кој броеше 31 качувач беа Тибетанци.

"Тие беа многу мотивирани и возбудени" изјави новинарот и алпинист Томас Елзер од американската телевизија ЦНН стациониран во базниот логор на 5.200 метри.

Суровите временски услови ги принудија алпинистите неколку пати деновиве да го одложат искачувањето на последната етапа притоа сериозно оштетувајки неколку од висинските логори.

Факелите според кинеските медиуми се изработен од посебни материјали во соработка со Кинеската вселенска агенција и наполнети со пропан како гориво за пламенот да може да ги издржи налетите на ветрот и недостатокот од кислород.

 

 

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.