Назад на Новости
АЉАСКА - Нова насока на досега неискачен врв (мај 2008)
Ben Gilmore, Maxime Turgeon и Freddie Wilkinson искачија нова првенствена насока на девствениот врв Beat's Ears висок 3366 метри, веројатно највисокиот неискачен врв на Аљаска.

Поглед кон врвот Beat's Ears и искачената насока.
Новата насока е обележана со полна линија, додека пак со испрекинати линии
се прикажани приодот и враќањето од врвот.
Тројката се качила на врвот по неговата јужна страна висока околу 1000 метри. Вкупното времетраење на активностите од базен логор до базен логор изнесувало 23 часа. Тежината на насоката изнесува околу WI 4+/М5+. Во најделикатните делови биле принудени да качуваат по тенок мраз и замрзнат песок поради кое што нивните орудија се истапиле.

Детал од искачувањето
Врвот Beat's Ears се наоѓа помеѓу глечерите Yentna и Lacuna во југозападниот дел од масивот на Mt. Foraker. Реонот е многу ретко посетуван.

Завршниот гребен
Минатата пролет Gilmore, Wilkinson и Peter Doucette направиле првенствена насока на карпата Fin Wall, мнгу експонирана карпа над глечерот Yentna и за време на тоа качување ја забележале годинашнава насока.

Мал одмор на врвот
После ова искачување тројката заминала за базниот камп во Kalhitna, а од таму се искачиле на Moonflower столбот на Mt. Hunter, качувајки го и врвот висок 4440 метри, од каде што се вратиле со симнување и абзелување во базниот логор. Времетраењето на искачувањето и враќањето назад до базниот логор изнесувало 52 часа. Инаку Ben Gilmore работи како професионален водач во New Hampshire.
Костантин Циривири
|