Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Бабанов на Dhaulagiri (мај 2008)

Dhaulagiri - Искачување во алпски стил по северо источниот гребен на шестиот по височина врв во светот, изведено од страна на Валери Бабанов и Николај Тотманин.

На 1 Мај оваа година, светската алпинистичка легенда Валери Бабанов заедно со својот руски колега се искачија на 8167 метри високиот хималајски врв Dhaulagiri преку североисточниот гребен. Искачувањето е изведено во алпски стил без користење на висински логори, фиксни јажиња и сл, стил многу често практикуван од Бабанов во најголемите планини и карпи низ светот.

Двојката пристигнала во базниот логор на 22 март, а наредните денови 23 и 24 Март направиле аклиматизациони искачувања на гребенот помеѓу Dhaulagiri и соседниот Manapati.

До 6 Април одмарале во базниот логор и ја набљудувале западната страна на планината каде што првично планирале да качуваат.

Од 7 до 13 Април правеле аклиматизациони искачувања по класичната насока на Dhaulagiri, и достигнале височина од 7100 метри, после што се симнале во нивниот базен логор на висина од 3700 метри.

На 18 Април направиле обид за искачување на врвот од Западната страна, но се откажале на височина од околу 4900 метри заради многу лоши услови во карпата.

После период на одмор во базниот логор, на 28 Април тргнале кон врвот по класичниот приод и истиот ден стигнале до височина од 6000 метри. На 29 Април достигнале височина од 6800 метри, а наредниот ден, на 30 ноЌевале на височина од 7400 метри. На врвот се качиле на 1 Мај во 12.30 часот. Во последниот висински логор, каде Што имале оставено Шатор, се вратиле во 16.30 часот.
Временските услови при качувањето биле многу лоши, со ветер, температури од - 30 степени целзиусови и видливост од околу 50 метри.


Валери Бабанов на врвот на Dahulagiri 8167 метри.


Западната страна на планината со искачените насоки. Од лево на десно:
1. Чешка насока од 1984 година;
2. Чешка насока од 1985 година;
3. Насока по југозападното ребро на Валиев, Мојсеев и Демијан од 1988 година;
4. Насока на Казахстанска експедиција од 1991 година.

Костантин Циривири

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.