Назад на Новости
Прво женско искачување на Deprivation (мај 2008)
Zoe Hart и Maxime Turgeon го искористија релативно доброто време на Mt. Hunter за да ја искачат насоката Deprivation (ED+, 5.8 A3 AI6 1860 m.) искачена за прв пат во 1994 од Скот Бејкс и Марк Твајт (Scot Bakes – Mark Twight). Насоката се наоѓа на северозападната страна на Mt. Hunter, десно од почесто искачуваната насока Moonflower Buttress. Hart е првата жена која ја искачила целата насока (во 2004 година Kiwi Pat Deavoll стигнала до излезот на насоката но не и до самиот врв) и со тоа го направи четвртото успешно искачување. Ова е и второ искачување на Turgeon на Mt. Hunter оваа сезона, бидејќи претходно со Freddie Wilkinson и Ben Gilmore ја качија Moonflower Buttress за 52 часа непрекинато качување и спуштање неколку дена претходно.

При качувањето на Deprivation, кампот го напуштиле во 2:30 часот наутро, а во насоката влегле во 4:00. Уште на почетокот Hart ги препумпала мускулите од замор во превисните делови, но за кратко влегла во ритам и работите тргнале кон подобро. Поголемиот дел од насоката го качувале паралелно, но Turgeon ги водел потешките делови, како посилен и побрз, а Hart го следела со потежок ранец. Високо во насоката им испаднала и една јакна за обезбедување.

По 23 часовно качување, стигнале до огромен снежен корниз, под кој имало хоризонтална полица идеална за бивакување. По 3 часа спиење и малку време за топење снег и јадење, тргнале кон врвот каде стигнале по 2.5 часа.
За абзел ги искористиле постоечките и сеуште цврсти Абалаков сидришта кои Turgeon ги направил неколку дена претходно спуштајќи се од Moonflower Buttress, со што спуштањето било релативно брзо иако јажето било замрзнато.
Ристе Калинов
Преземено од www.alpinist.com
|