Назад на Новости
Интервју со
Mark Twight (јуни 2008)
Уште од раните 80-ти години на минатиот век Марк Твајт се покажа како еден од врвните алпинисти во Америка. Иако најпознат по неговите контроверзни и спротивставувачки текстови во алпинистичкиот печат , неговите насоки се меѓу најтешките. Многу од неговите искачувања не се повторени или пак се повторени во многу полесни услови отколку оние кога тој ги качил. Дури и неговите неуспеси, како на пример Рупал на Нанга Парбат и Северната страна на Еверест, се сместуваат меѓу најголемите постигнувања во алпинистичката историја. Твајт приоѓа кон алпинизмот како средство за изразување и преобразување на самиот себеси. Со опсесивна посветеност и волја, тој го испита секој дел алпинизмот се преструтуира за првенствени насоки како „Deprivation“ („Лишување“) на Северниот столб на Маунт Хантер во Алјаска (43 часовен спринт) и „Бањатa нa Реалноста“ („Reality Bath“) во 1988, која Твајт ја прогласи за најтешкиот замрзнат водопад во Канада. Некои локални качувачи веднаш ја понижија оваа насока иако никогаш не е повторена. Со издавањето на неговата книга „Екстремен Алпинизам“ („Extreme Alpinism: Climbing Light, Fast and High“, Mountaineers, Seattle 1999) тој претставува еден кохезивен дел од својата кариера, философија и техники. Во ова преземено интервју, Марк Твајт ги доловува одблузу своите идеи претставени во својата книга.
- Зошто се реши да ја пишуваш „Екстремен Алпинизам“?
Марк Твајт: Сфатив дека полиците се полни со книги за алпинизам но ниедна не се осврнува на начинот на кој луѓето навистина ги качуваат едни од најтечкие пвенствењни насоки. Бавниот и мирен пристап е супер за на некоја лесна вулканска планина или лесна алпска насока, но гарантира неуспех или нешто полошо на тешка карпа во Алјаска. Згора на тоа не сретнав речиси ништо за менталната и физичката подготовка која алпинистите ја преземат за качување на висок врв. Така решив да се посветам на овие работи. Мислам дека некои од најдобрите алпинисти ќе ја препознаат важноста во она што ќе го кажам, дури и ако не се согласуваме за некои работи.
- Изгледа дека постојано се навраќате на менталната подготовка во книгата.
Марк Твајт: Тоа е срцето на тешките искачувања. Ни сиот физички тренинг на светот нема да може да помогне ако не можете да се средите со психолошките предизвици како стравот и различни форми на измачување и страдање, или ако внесувате премногу тензија во ситуациите каде релаксацијата е клучна.
- И можно е да се тренира за сиве овие работи?
Марк Твајт: Апсолутно. Можете да се туркате и да си направите онаков карактер каков што ви е потребен или да се присилувате против својата слабост и да го сторите тоа на начин кој нема да ве убие додека учите. Многу идеи ги зедов од боречките вештини но има и други начини да се пристапи кон тоа. Важно е да ја препознаете личната трансформација што е неопходно, и да најдете начин да ја исполните.
- Наведуваш само два циклуси годично за физички тренинг. Зошто само два?
Качувањето на голем врв е исцрпувачко. Морате да бидете во својот физички врв. Но телото може вистински да се опорави од тешкото искачување и да се врати до оптималната подготвеност околу двапти годишно. Во книгата предлагам тренинг-циклус кој ја гради силовата издржливост па нагло ја подига издржливоста, и аеробна и мускулна. Пред тргнување на качувањето, морате да стагнирате и одморите, давајчи му на телото да ги обнови сите резерви пред големиот напор. Не е едноставно и уште учам како моето тело одговара на напорите од качување и тренирање.
- Имате невообичаени идеи за облека и опрема. На пример, велите дека нема никаква корист од водоотпорно-дишечките материјали или целата идеја за слоеви од облека.
Марк Твајт: Во услови на ниска надворешана темпреатура и кога се движите брзо, стандардните мембрани не дишат доволно добро така што многу влага се насобира под навлечниот слој. Од друга страна, изолационите материјали дишат доста добро така што акумулираната влага брзо испарува откога ќе запрете со движење, предизвикувајчи нагло ладење. Како и кај користењето на системот со слоеви облека, да се обидете да носите онолку облека колку што ви треба за онаа активност која ја правите одзема многу време; на некое сурово алпинистичко искачување, брзината е клучна. Кога качувам, носам лесна облека: синтетичка долга долна облека покриена со лесна, многу дишлива обвивка. Некогаш облекувам полупропустлива (семипермеабилна) потна бариера близу до кожата за да ја намалам загубата на топлина при испарување. Кога ќе застанам ставам синтетичка термо-јакна - јакна за обезбедување (и пантолони ако е многу студено) и тоа врз постоечката облека полесно е и побрзо од класичната идеја за слоеви облека под навлечниот слој. Можете да забележите дека дождот би бил кобен за овој систем, но ако врне тогаш и камења паѓаат па немате што да барате на планина и време е да со одите и да се вратите кога ке замрзне повторно.

Марк Твајт наближува до врвот на Frendo Spur на Aiguille du Midi, Шамони, Франција. Фото: © Џејмс Мартин
- Ве бие глас дека сте нетолерантен и елитистички качувач. Мислите ли дека тоа е фер?
Марк Твајт: Секако. Како и да е, ја сум нетолреантен кон позери и шминкери, не оние кои се разликуват од нив. Ако некој сака да качи М-7 (тешко качување на микс, комбинација од карпа и мраз, потребено користење драјтулинг), со експанзиони на секои метар и пол, одлично. Сметам дека има искуство за тоа. Но ако сака тоа да го претстави како нешто еквивалентно на тешко алпинистичко искачување, за мене тоа се глупости. Тоа е разликата меѓу балет и војна. Едното едвај бара физичка сила и може да се направи многу брзо. Другото бара внимателна синтеза на физичкиот и психичкиот капацитет, и многу најразлично вештини да се имаат на располгање. Може да трае со часови или денови. Одржувањето на ефикасноста на на телото и умот за толкаво времетраење ја зголемува вкупната тежина. Тоа е како да споредувате купување на јадење од кола во МекДоналдс со ловење на животно, колењеи готвење на исото во оброк за повеќемина. Едното очигледно не е синоним на другото. Качувам заради моите лични причини, на начин на кој искуството ме менува. Ако екој има проблем со мене или мојот стил, нема да ми биде многу гајле. Секоја индивидуа може да си одбере патека која ќе ја следи. Само ајде да бидеме искрени за она што го правиме.
Превод: Никола Андоноски
|