Назад на Новости
Донација на опрема - Подршка за младите алпинисти од Бојан Миткоски (август 2008)
Членот на Алпинистичкото Друштво "Матка", Бојан Миткоски, кој веќе извесно време живее и качува во САД донираше опрема за младите македонски алпинисти.
Еве и Бојан од САД, покрај Надир од Швајцарија, не ја заборава својата "родна грутка" и деновите на личните почетоци во алпинизмот кога било многу тешко да се комплетира опремата. Гестот на Бојан е од огромно значење за македонскиот алпинизам и убав пример за патриотизам.
Младите алпинисти и раководството на МАА и друштвото "Матка" јавно му се заблагодаруваат на Бојан за неговата донација, посакувајки му многу успешни искачувања низ светот, со надеж дека наскоро нашиот животен стандард ќе порасне па да можеме заедно да качуваме низ светот.

Бојан за време на качување на Grand Teton
Константин Циривири
|