Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Маљовица 2008 - Импресии од најмладиот учесник (август 2008)

Еден дел од членовите на А.Д. "МАТКА" на 4 Август 2008 година организираа алпинистичко качување на локалитетот Маљовица во Бугарија. Оваа група на качувачи беше предводена од инструкторот на А.Д. "МАТКА" - Константин Циривири и Крунослав Аџиевски. Oстан а тите членови беа: Жика, Ристе, Илија, Нино, Панде и Темјана.

04.08.2008 (Понеделник)

- Со нетрпение чекавме да до јде овој ден кој на сите нас ни значеше. Околу 6:00 часот се тргна од Скопје, 8:30 стигнавме на Бугарската граница, каде без проблеми бевме пуштени да поминеме. Околу 11:30 часот стасавме во Софија каде што сите чекавме да ја купиме новата опрема. Ги поминавме сите продавници за опрема и во 15:30 со големо нетрпение чекавме да влеземе во мини бусот и да тргнеме кон Маљовица. Таму стасавме околу 18 часот и бевме сместени во ЦПШ (Централната планинарска школа) која се наоѓа на 1720мнв. и веќе во 22:00 часот бевме легнати сите во своите вреќи.

05.08.2008 (Вторник)

- Договорени бевме да станеме во 7:00 часот, и никој не правеше никакви проблеми околу станувањето. Сите заедно бевме собрани за јадење и по 30 мин. бевме спремни и тргнавме накај Хижа (планинарскиот дом) Маљовица. Бевме добри кондиционо и за брзо време стасавме и бевме спремни за качување. Првите качувања беа на спортски насоки кај локалитетот Куклата за да се навикнеме на карпата. Беше забавно, добро организирано. Попладнето околу 15 часот се спуштивме кај прекрасната река каде што се одморивме. Околу 16:30 часот бевме тргнати кон карпата и за прв пат ги пробавме долгите алпинистички насоки во левиот дел од карпата и качувавме се до 18 часот. Поради големиот број нови насоки кои ги нема во водичот, а кои се испреплетуваат со веќе постоечките, моравме сами да ги решаваме тешките ситуации во карпата, бидејќи насоките во кои влеговме беа со оцени 8. Вистинско алпинистичко качување во секој смисол. Вечерта легнавме задоволни од сработеното.

06.08.2008 (Среда)

- Станавме околу 7:00 часот времето не послужи,беше прекрасно. Во хижата пристигнавме околу 8:30 часот, качувавме долги алпинистички насоки, со добри оцени и бевме задоволни. Бевме 4 пара: Коки-Темјана и Илија-Ристе влегоа во насоката Ники со оцена 7-, која беше добро опремена со лепени клинови, а Жика-Нино, Круно-Панде ги качуваа насоките “Баш бајно” 5+ и “Мултипич” 6-, чии последни должини имаа само сидришта со лепени клинови а осигурувањето ни беше со френдови. Насоките ги качивме без проблеми и ниеден пад и покрај тоа што карпата изобилуваше со мов и земја. Сите бевме задоволни и околу 18 часот тргнавме накај ЦПШ. Имавме мал состанок околу денешното качување и бевме пофалени. Сите вечеравме и пред легнување имаше по малку смеење.

07.08.2008 (Четврток)

- Овој ден бевме станати малце покасно заради заморот кој исчезна со тргнувањето кон хижата. Станавме околу 8:00 часот, времето беше малце разоблачено но на нас тоа не ни пречеше. Бевме договорени да качуваме на Еленин врв. Тргнавме од ЦПШ до хижата каде што се договаравме како ке го исполниме денот. Eден дел од групата беа побрзи, а другите поспори заради замор и недостаток на кондиција. Но тоа не преставуваше некаков голем проблем. Од втората тераса бевме тргнати една група која ја сочинуваа 5 души: Коки, Круно, Жика, Илија и Панде. За доста брзо време бевме стасани на Еленин врв каде го чекавме другиот дел од групата: Ристе, Нино и Темјана. На Еленин врв времето веќе се наоблачуваше и немаше добри услови за качување, но направивме добра планинарска тура. По некое време бевме тргнати кон врвот Маљовица каде се споивме со другата група. Се качивме на врвот бевме изморени од напорното одење но не беше важно тоа туку убавината на планината. Ги видовме убавите карпи каде што имаше убави насоки, но немавме добро време за качување. Околу 20:00 часот стасавме во ЦПШ каде што сите бевме собрани и дискутиравме за дневните случувања.

08.08.2008 (Петок)

- Станавме околу 8:00 часот и малку беше тешко за станување но се реши и тоа. Беше облачно и решивме да почекаме да ги видиме временските прилики какви ке бидат во текот на денот па затоа качуваме на спортски насоки на друг локалитет. Тежините на насоките се движеа од 4 до 7. Беше забавно по малку росеше, но не ни пречеше. Коки и Аце Дончев беа влезени во алпинистичка насока, а другите качувавме на спортските. Панде и Ико добро ги изводеа 7-ци те и беа мн. задоволни. По некое време влеговме со Коки во алпинистичка насока која ја поминавме за 1:30 мин. и имаше константна тежина од 7-. Се спуштивме од насоката, јадевме и тргнавме кон ЦПШ. Вечерта повторно имавме состанок и дискутиравме околу качувањето и други работи околу алпинизмот.

09.08.2008 (Сабота)

- Во 9:00 часот пристигнавме кај хижата и бевме определени некои да качуваат во спортски насоки други во алпинитички. Во алпинистичките влегоа: Круно-Ристе, Жика-Ико, двете наврски во насоката “Класически” која е со најтешка оцена 7, а во спортските: Коки, Панде, Нино, Теми и Аце Дончев. Спортските насоки беа со тежини од 5 до 7, но поради составот на карпата беа многу добри за качување. Евидентен беше напредокот кај сите, особено кај Нино. Дел од членовите порано отидоа во ЦПШ а другите продолжија со качување во алпинистичките насоки. Панде, Нино и Теми правеа јадење кое добро им дојде на останатите членови што останаа да качуваат. Вечерта имавме пак состанок околу сите денови и бевме пофалени за сработеното.

10.08.2008 (Недела)

- Денот ни беше за пакување на опремата бидејки времето со врнежи и грмотевици поради што бевме принудени да седиме во ЦПШ. Коки имаше проблем со стомачен вирус и го оставивме да одмара. Во 14:00 часот пристигна минибусот и за кратко време ја сместивме опремата. Во Скопје стасавме околу 17:00 часот.

Панде Фармаков

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.