Назад на Новости
Лавина одзеде 8 животи на Mont Blanc du Tacul (август 2008)
Осум Швајцарски и Австриски алпинисти се сметаат за мртви и уште неколку се повредени откако беа повлечени од лавина на северозападниот дел од Mont Blanc du Tacul во француските алпи. Лавината удрила во повеќе групи качувачи, рано наутро во недела, 24 август, додека качувале нагоре. Воздушни и земјени обиди за спасување се активирани веднаш, но ниедно од телата не се пронајдени под наносите, па акцијата е прекината во недела навечер.

Во 3 часот наутро на 24 август, 47 качувачи се движеле нагоре по северозападната страна на Mont Blanc du Tacul кога 50 метри широка лавина фатила 15 луѓе, повредувајќи 7 и најверојатно убивајќи 8 од нив – четири германци, три швајцарци и еден австриец. Местоположбата на телата е лоцирана под снегот и се прават напори за нивно ископување.
Лавината започнала откако се откорнал серак и почнал да паѓа надолу со што предизвикал плочеста лавина. Некои од повредените изјавиле дека лавината била невообичаено тивка. Жртвите биле зафатени на надморска висина од 3600 метри и биле влечени од лавината 1000 метри надолу по страната.
Француски и италијански спасувачки тимови направиле напор за откривање на телата на загинатите до 4 часот попладне во недела, но откриле дека се наоѓаат на длабочина од 40 метри под снегот, заробени под огромен блок од мраз. Телата се наоѓаат во лавиноопасна зона под други сераци кои може да се откачат и да предизвикаат нови лавини. Француските власти изјавиле дека нема надеж за пронаоѓање на преживеан под лавината и нивното ископување би можело да почека до крајот на сезоната кога се топи снегот и телата ќе излезат сами.
Според сите метеоролошки прогнози, времето тој ден не било причината за лавината, туку паѓањето на серакот е резултат на континуално создавање мраз. Не постоел начин да се каже дали серакот ке колабира под тежината на мразот, иако лавини од ваков тип не се невообичаена работа во овој регион.

Патеката на движење на лавината
Преземено од alpinist.com
|