Матка
алпинистички клуб
  English version
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичко училиште
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистички клуб "Матка" тел:
Претседател 070 670 785
Секретар 071 626 651
адреса:
"Маџир Маало" бр. 12
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Успешно реализирана акцијата "Алпи 2008" (септември 2008)

Главната алпинистичка акција на Македонската алпинистичка асоцијација која имаше за цел искачувања во повеќе локалитети во европските Алпи, успешно заврши со враќањето на учесниците, здрави и живи во Македонија, на 24 Септември во доцните вечерни часови.

Во наредниот период ќе објавиме повеќе детали и описи на искачувањата кои беа реализирани за време на акцијата, а во меѓувреме го подготвуваме и фото и видео материјалот за презентациите кои ќе се одржат низ неколку места во Македонија.

Во продолжение ќе дадем само краток опис на тоа што го сработивме во текот на петнаесетината денови во Алпи-те.


Аце и Боби

За време на патувањето посетивме неколку качувачки и алпинистички локалитети. Започнавме со качувачкиот локалитет Арко, во близина на познатото езеро Лаго ди Гарда во Италија, каде престојувавме заради ‘‘загревање‘‘ и комплетирање на личната и клубска опрема. Во Арко престојувавме два дена и качувавме на неколку различни локации, при што работевме во насоки со тежини од 6а до 7а.

После Арко заминавме за повисоките Доломити, во реонот на врвот Мармолада, каде што обидот за искачување во Јужната Страна беше оневозможен заради лошото време.


Борче

Од Доломитите заминавме за Шамони - Франција, каде што на почетокот имамвме два долги дена на исчекување во услови на лошо време, кога на планината наврнаа 50 сантиметри нов снег. Но и покрај тоа, на првата најава за подобрување на времето заминавме за Вале Бланш, на аклиматизација и подготовка за наредните искачувања.

Во реонот на Вале Бланш качувавме најпрво на врвот Поинт Лашенал - заради загревање кон мраз и микс, а потоа реализиравме искачувања на Аиг ду Миди и во Монт Блан ду Такул. На Такул меѓудругото ѓи искачивме кулоарот ‘‘Шере‘‘ и комбинираната насока ‘‘Лефт Едџ‘‘. Последанта беше искачена во многу лоши услови при надоаѓачко невреме и силен ветер. Попладнето, со последната гондола, принудени од невремето, се симнавме во Шамони. Вечерта на планината заврнаа нови 50 сантиметри снег, така да за качување во карпа или комбинација не можеше да стане збор во наредните неколку дена, па затоа решивме на 19 Септември, после една ноќ одмор во Шамони да заминеме кон врвот на Мон Блан, преку домот Гуте.

За Мон Блан тргнавме на 19 со последниот воз од местото Лафает кон местото Орлово Гнездо на 2400 метри. Од тука пеш преку домот Тет Рус до домот Де Гуте каде што стигнавме вечерта околу 20 часот.


Жика

Наредниот ден во 07 часот наутро заминавме кон врвот на Мон Блан, во услови на ниска температура (-15ст), силен ветер (околу 60 км/ч) и многу нов снег. Планираната тактика да заминеме последни од домот за да ја користиме пртината на водачите кои одат кон врвот со клиенти и се обично бавни, не се покажа успешна бидејки ветрот за само неколку минути ги затрупуваше трагите, па така си запнавме машки и по своја пртина на врвот излеговме околу 10,00 часот.

Попладнето стигнавме надолу до горната станица на запчестата железница, намерно пропуштајки го последниот воз, за да имаме оправдание да спиеме безплатно на планината и да заштедиме една ноќ за плаќање.


Круно

Следуваше еден ден одмор во ладниот Шамони во прекрасниот и ефтин камп Лезаро, исполнет со нервоза и разочарување заради лошата временска прогноза. Сепак и покрај песимистичките метео најави решивме да се упатиме кон Червинио во подножјето на македонскиот врв во Алпи-те - Матерхорн. Наша цел беше најпрвин аклиматизациона тура до врвот преку Лионскиот гребен (‘‘нормален приод‘‘ од Италијанска страна) а за потоа зависно од импресиите, нешто посериозно на планината.


Коки

Но веднаш по пристигнувањето во Червинио бевме разочарани од страна на дежурните во канцеларијата на водачите во градот. Шефот на водачите, кога му кажавме кои ни се плановите без ниту малку шега не праша дали сме токму со умот? Моментално горе се ужасни услови и во принцип за целата сезона од Италијанска страна се искачиле само десет водачи до горе. За да не ги иритираме, компромисно се договоривме дека ќе одиме само до бивакот на Карел и потоа ќе се вратиме, иако преќутно меѓусебе се договоривме дека нема да биде така. Во канцеларијата ни ги дадоа потребните описи за турата и други материјали, но шефот ја задолжи секретарката уште еднаш да ги ‘‘вразуми‘‘ македонциве.

Ноќта ја минавме на еден паркинг на периферијата од Червинио а утрото се разбудивме со неколку сантиметри нов снег врз вреќите за спиење кои беа здраво накиснати. После ова на сите ни беше јасно какви се изгледите за реализација на нашите планови и дека локалните водачи секогаш се во право, но сепак решивме да направиме една извидница кон подножјето на врвот. А тој пак, воопшто немаше ‘‘обзир‘‘ кон нашите планови и цело време беше завиткан во облаци и ветер и целиот побелен. После извесно време на качување кон подножјето, движејки се во облаци и снег, решивме дека обидот нема смисла и се вративме назад.

На симнување имавме краток состанок со раководителот на Водачите од регионот, потомок на славното семејство на водачи - Карел, при што беше договорена соработка на полето на едукацијата помеѓу нашиот центар за обука ЦСО и нивната организација. При тоа го посетивме музејот на првиот бивак под врвот Матерхорн, домаќините ни подарија шише вино со брендот на врвот и се поздравивме со обврска за неколку наредни заеднички активности.


На Mont Blanc

На враќање назад кон Македонија, имавме желба за качување во Словенија, но нашиот метео информатор на ова патување - Ристе, ни јави дека времето ќе биде лошо, што за кратко и нам ни беше очигледно, па фативме правец кон дома.

Акцијата ‘‘Алпи 2008‘‘ е најуспешна алпинистичка акција во последниве неколку години, посебно ако се има во предвид дека во текот на патувањето имамвме само два дена без облаци со нормални временски услови. Она што е најважно е тоа дека за целото време на одвивањето на акцијата, во тимот владееше силен колективен дух и висока свест дека се што правиме е за иднината на македонскиот алпинизам. А таму, под Матерхорн сигурно, ќе се вратиме за кратко време.

Константин Циривири

Линкови
 

Правилник

 
 
www.plocaclimbing.com
www.apexclub.org
www.lasportiva.com


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.