Таборите на Плоча се речиси секогаш најпосетени. Така беше и овој пат. Околу петнаесетина луѓе што и не е некоја голема бројка. Како повод за овој табор го имавме и отварањето на првиот алпинистички дом кој се наоѓа во подножјето на самата карпа и во овој момент може да прими околу петнаесетина луѓе што беше сосем доволно но со дополнителното уредување неговиот капацитет би се зголемил.
Пристигнувањето беше договорено во петок со цел што поефикасно да се искористи наредниот ден, иако дел од присутните на таборот пристигнаа во сабота. Сабота понуди прекрасно време за качување иако утрото тоа не го најавуваше. Околу 8 часот се упативме кон карпата по однапред определени наврски и насоки. Качувањето се одвиваше најнормално и без поголеми проблеми. Како резултат на одличните услови кои ги имавме тој ден беа искачени сите насоки кои имаа соодветно обезбедување (експанзиони клинови). Меѓу искачените беа и насоките Квантас, Александар и Снејк кои поради тежината се многу ретко качувани но овој пат за тоа да не биде така се потрудија Боби и Панде кои успеаа да ги искачат во слободен стил. Исто вредни за истакнување се првите влегувања во алпинистичка насока на новата членка на А.Д. Матка, Елена Војновиќ, која со голема леснотија качуваше во не така лесни насоки.
Неделата исто така понуди прекрасни услови за качување кои успеавме да ги искоистиме максимално со оглед на тоа што бевме уморни од претходниот ден. И во неделата се искачија поголем дел од насоките што може да ги понуди овој локалитет. Во прекрасните услови кои ги пружа овој локалитет се уверија и гостите од Бугарија кои ја прифатија поканата да учествуваат на овој табор и притоа искачувајќи неколку насоки.
Учесници на овој табор беа членовите на Бел Камен, како организатори на таборот, А.Д. Матка и П.С.Д. Лисец. Сепак очигледно е отсуството на останатите друштва што води кон недоволна афирмација на алпинизмот пред се во Македонија.
Слики од таборот може да погледнете во Фото галеријата или на линкот за нашата огромна фото галерија
|
Насока |
Наврска |
| 1 |
Мала централа |
Нинослав Станковиќ – Ристе Калинов |
| 2 |
Катанга |
Нинослав Станковиќ – Ристе Калинов |
| 3 |
Атис |
Нинослав Станковиќ – Ристе Калинов |
| 4 |
Левичарски |
Нинослав Станковиќ – Ристе Калинов |
| 5 |
Ракета |
Нинослав Станковиќ – Ристе Калинов |
| 6 |
Бонбона |
Нинослав Станковиќ – Ристе Калинов |
| 7 |
Два Роберта |
Нинослав Станковиќ – Ристе Калинов |
| 8 |
Младина 88 |
Нинослав Станковиќ – Ристе Калинов |
| 9 |
Ракета |
Никола Андоноски – Гоце |
| 10 |
Два Роберта |
Никола Андоноски - Гоце |
| 11 |
Атис |
Никола Андоноски – Васко Саздов |
| 12 |
Ракета |
Никола Андоноски – Жикица Ивановски |
| 13 |
Катанга |
Никола Андоноски – Жикица Ивановски |
| 14 |
Мала централа |
Никола Андоноски – Жикица Ивановски |
| 15 |
Младина 88 |
Владимир Цветкоски – Никола Андоноски |
| 16 |
Левичарски |
Владимир Цветкоски – Елена Војновиќ |
| 17 |
Ice |
Владимир Цветкоски – Елена Војновиќ |
| 18 |
Ракета |
Владимир Цветкоски – Елена Војновиќ |
| 19 |
Бонбона |
Владимир Цветкоски – Елена Војновиќ |
| 20 |
Катанга |
Владимир Цветкоски – Елена Војновиќ |
| 21 |
Квантас |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 22 |
Snake |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 23 |
Два Роберта |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 24 |
Младина 88 |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 25 |
Штипски |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 26 |
Левичарски |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 27 |
Ice |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 28 |
Превис |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 29 |
Александар |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 30 |
Ракета |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 31 |
GTZ |
Бобан Стојановски – Панде Фармаков |
| 32 |
Атис |
Жикица Ивановски – Темјана Ефтимова |
| 33 |
Бонбона |
Жикица Ивановски – Темјана Ефтимова |
| 34 |
Два Роберта |
Жикица Ивановски – Темјана Ефтимова |
| 35 |
Левичарски |
Жикица Ивановски – Темјана Ефтимова |
| 36 |
Младина 88 |
Жикица Ивановски – Темјана Ефтимова – Васко Саздов |
| 37 |
Ice |
Жикица Ивановски – Темјана Ефтимова |