Назад на Новости
Првенствена насока на Матка
Со задоцнивање од неколку недели, конечно седнав да ги составам следниве шлапанки со цел да изгледаат како извештај.
Па, пред неколу недели поточно три, а најточно неделното утро кога сказалките на саатот беа вратени за еден час поназад Круно и јас, Илија влеговме во првенствена насока, на која од поодамна и се спремавме. Се започна со тоа што јас и круно поради некои обврски не можевме да отидеме на Пилав Тепе каде што и имаше табор. Така приморани да останеме “сами” овде се договоривме да одиме на Матка. Договарајќи се вечерта што и како ке качуваме Круно ми предложи сега да влеземе во првенствената, разбирливо тој предлог го прифатив со големе задоволство.
Утрото тргнавме од “гаража” каде што и ги направивме конечните подготовки и селекција на опрема. На Матка пристигнавме во планираното време па така без многу одолговлекување дојдовме до подножјето на нашата насока. Поднжјето се наоѓа кај “Централа” и насоката се движи во десно од последната спортска насока (“Централа Екстрем”) низ густата шума, па првото сидриште се прави на самата густа шума на 20-тина метри од почетокот. Кога и не баш комотно (од дрвата) се усидривме увидовме дека првата замисла за нашата првенствена е закитена и по со некои стар ‘рѓосан клин решивме да ја пренасочиме. Иако подоцна свативме дека клиновите најверојатно не се од некоја насока туку се само ставени за да служат како сидриште за бушење на спортските насоки, бидејќи немаа некоја природна линија, а ниту почеток и крај, туку беа буквално само ,,расчукани,, по карпата. Нејсе, ке останат како ориентир за нашата насока, знаци се движи десно од нив во еден многу ронлив камин, кој завршува со мала плоча, но за да се стигне до тој ронлив камин требе да се помине усте еден дел од карпата исто така во десно кој е прекриен со трева, мов и земја. При излезот од каминот кој е со оценка V/V+ насоката продолжува по сртот и излегува на “Новогодишен”. Овие два цуга поради конфигурацујата на теренот ги поминавме со опремата уредно спакувана во ранец.
Овој дел од карпата на Матка нуди простор и за други насоки, иако карпата не е секаде компактна, сметам дека ќе може да се направат прилично копмлексни насоки пред се кои нудат многу уживање во слободното качување, а и во техничкото...
И да, за малку ке заборавев да и го напомнам и името на насоката - “Вибути”
Илија Циривири
|