Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 
Назад на Новости

Премиерно во Козина

Инспирирани од извештаите на нашите колеги качувачи, еве и ние да напишеме нешто за нашата денешна авантура...

Сабота, 15 ноември 2008 година, станавме сабајле со Ико да одиме на rock trip организиран по повод 13 Ноември, денот на ослободување на Скопје. Патот кон Матка, пустелија. Големиот паркинг, ниедна кола. Малиот паркинг кај браната, само контејнерот. Во планинарскот дом беше Жаре кој исто така ги очекуваше гостите за rock trip-от. А никаде немаше известување дека настанот се одложува. Можеби страв од дожд? Ноќеска врнело, но карпата беше апсолутно сува и перфектна за качување.


И така, во отсуство на конкуренција, решивме да пробаме нешто ново. Решивме да ја качиме Козина, според информациите кои ги имавме од alpinizam.org. Воедно, голема пофалба до нивната иницијатива за приближување на помалку качуваните насоки на Матка кон другите качувачи. Порано секогаш одевме во долги насоки со некој што веќе ја знае насоката, но не бива веќе толкави магариња да се влечеме само како втори (забелешка на еден наш колега качувач). Насоките на Матка баш и не се фина екскурзија, затоа што карпата е веќе максимално ронлива, клиновите се на големи растојанија, обраснати со трева или покриени со земја. Прво такво наше искуство беше Ветерански и охрабрени од тоа, еве не под Козина.

Првата должина ја почнав јас, давајќи му шанса на Ико да се покаже во превисот во втората должина. И овде настана првата интересна ситуација. Читајќи ги информациите за Козина, сме посветиле внимание само на превисот. Од клин на клин, првото сидриште никаде го немаше. Влегов во плочката и видов над неа експанзионен клин. Но да се дојде до него потребно е да се поминат 2-3 лошо поставени алпинистички клинови, кои најверојатно не би толерирале посериозен пад. Првото сидриште го направив на експанзиониот клин и заковав уште една кајла десно од него во процеп кој според звукот на карпите околу него изгледаше сигурно. Но, за тоа потоа. Стаса Ико до мене и го сменивме водството.

Првите неколку движења до превисот не беа тешки. Но овде Ико имаше мало проблемче додека да го најде вистинското фаќалиште. Што и да фатеше беше расклатено. И да, знаеме што ќе кажете сите што веќе сте го поминале превисот, дека не е толку тежок :) Следниот пат и нам ќе ни биде ептен лесен... Откривме кај се фаќа со лева рака.

После превисот веќе беше лесно. Но пак го имавме проблемот со кршливост и нестабилност на сите фаќалишта. Ви текнува на процепот кај ја заковав кајлата? Епа веќе го нема :) Кога ја вадев кајлата, целиот блок од десна страна се откачи. Кајлата е жива и здрава, но блокот е дезинтегриран :) На негово место сега има убаво стојалиште за нога. Последните 2 должини ги претрчавме набрзина, бодрени од публиката на платформата долу кај планинарскиот дом на Матка, особено од нашите пријатели кои не возат со чамец преку езерото.

И за крај се поставува прашањето... Во недостаток на официјално откажување на rock trip-от, а во перфектни временски услови за качување, дали јас и Ико сме морални победници на натпреварот?

Ви благодариме на вниманието...

Ристе Калинов

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.