Матка
алпинистички клуб
  English version
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичко училиште
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистички клуб "Матка" тел:
Претседател 070 670 785
Секретар 071 626 651
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 

 

Назад на Новости

АКЦИЈА НА МАА - СРЕДУВАЊЕ НА НАСОКИТЕ НА МАТКА

Македонската алпинистичка асоцијација кон кајот на месец Април 2009 година ќе започне акција за средување на долгите насоки на Матка. Средувањето на насоките ќе се состои од чистење од вегетација и ронливи делови, како и замена или репозиција на алпинистичките клинови.
Активностите за средувањето на насоките ќе се одвиваат на доброволна основа,  и пожелно е да се формираат тимови - наврски кои ќе се пријават за средување на одредена насока. Секој тим најпрво би требало да направи процена на видот и количината на потребните клинови за насоката што ќе се определи да ја средува.

Во продолжение следуваат неколку препораки кои треба да се почитуваат при работата на санацијата на насоките:

1. Дозволено е поставување само алпинистички клинови.

2. При замена на клиновите треба да се почитува постоечкиот распоред на истите, т.е. новите клинови да се поставуваат во близина на старите, со цел насоката да не го загуби оригиналниот карактер и идентитет.

3. Дозволена е репозиција на старите клинови, доколку се тие во состојба која ќе пружи безбедно осигурување.

4. При чистење на насоките од нестабилни делови на карпата, треба да се одстрануваат само евидентно нестабилните парчиња.

5. При работата во насоките потребно е почитување на одредбите од Тиролската декларација на UIAA.

6. За секоја интервенција треба да се поднесе известување до МАА.

За спроведување на акцијата за средување на алпинистичките насоки МАА ќе го обезбеди потребното количество на алпинистички клинови и ќе ги покрие патните трошоци за алпинистите од внатрешноста кои сакаат да се вклучат во акцијата.
Воедно МАА апелира до сите алпинисти, посебно кон тие што качуваат на Матка, да се вклучат во акцијата.

По завршувањето на акцијата за санација на насоките МАА ќе започне со изработка на алпинистички водач за локалитетот Матка, кој ќе се изработи во електронска и во печатена форма. Воедно ги повикуваме сите што се заинтересирани за работа на алпинистичкиот водач да се вклучат во активностите за негова подготовка.

Македонската алпинистичка асоцијација наскоро ќе формира комисија за уредување на алпинистичките локалитети која во иднина ќе ја преземе грижата за алпинистичките насоки кај нас.

Линкови
 

Правилник

 
 
www.plocaclimbing.com
www.apexclub.org
www.lasportiva.com


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.