АЛПИНИСТИЧКО УЧИЛИШТЕ - петти семинар - Матка (извештај) (10-12 април 2009)
Изминатиот викенд, од 10-12 Април 2009, на алпинистичкиот локалитет Матка одржа алпинистички табор во чии рамки беше одржан петтиот алпинистички семинар во рамките на овогодинешната школа за алпинизам.
Присуствуваа алпинисти од клубовите АК „Матка“-Скопје, ПАОК „Бел Камен“-Радовиш, ПК „Љуботен“-Тетово, СПК „Магаро“-Охрид, СПК „Лисец“-Штип, ПК „Макпетрол“-Скопје и ДПС „Трансверзалец“-Скопје. Во рамките на едукативниот дел, беше работено на движење по фиксно јаже со помош на јумар, спуштање на карпа по јаже - абзелување, изработка на систем за ивлекување – Св. Бернард, обезбедување со френдови и чокови и тн. Исто така почетниците пробаа и различни техники на качување, во камин, дилфер и тн. Во текот на собирот беа качени алинистичките насоки: Новогодишен, Отмарова, Четири Клина, Матка Лева, Фифи Клин, и Циго. Покрај тоа беа качени и спортските насоки. Сместувањето беше во Манастирот Св. Никола – Шишевски, за што најтопло им се заблагодаруваме на домаќините за укажаната љубезност и гостопримство. Во очекување на наредниот собир во рамките на алпинстичката школа ве поздравуваме и ве покануваме да присуствувате во што поголем број.