Матка
алпинистички клуб
  English version
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичко училиште
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистички клуб "Матка" тел:
Претседател 070 670 785
Секретар 071 626 651
адреса:
"Маџир Маало" бр. 12
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 

 

Назад на Новости

АЛПИНИСТИЧКИ ЈУБИЛЕЈ И МЕМОРИЈАЛ - Матка 9 и 10 Мај 2009

Во деновите 9 и 10 мај 2009 се одржа меморијален алпинистички собир на Матка во чест на македонските алпинисти Васил Франговски и Димитар Илиевски - Мурато, првиот македонски алпинист кој го искачи Монт Еверест, за што на 10 Мај се одбележуват 20 години.
Организатори на собирот беа Македонската Алпинистичка Асоцијација и клубовите АК „Матка“ и ПК „Љуботен“, а истата се одржа на иницијатива на  македонскиот алпинист Надир Мурсели кој живее и работи во Швајцарија. Алпинистичкиот собир беше прилика да се сретнат повеќе алпинисти со кои тој има правено искачувања.
Содржината на собирот беше качување по избор. На собирот присуствуваа алпинисти од целата земја, и тоа од клубовите: АК „Матка“-Скопје, ПК „Љуботен“-Тетово, АК „Плоча“-Радовиш, АК „Астрајон“-Штип, АК „Скала“-Струмица, ДПС „Трансверзалец“ - Скопје и АК „Апекс“ - Охрид. Покрај тоа присутни беа и членови на СКК „Екстрем“-Скопје.
Во саботата, по направените качувања, во попладневните часови се одржа и мала гозба меѓу присутните на собирот. На овој собир повеќе почетници качуваа за првпат во долги насоки, а најмладите почетници ги направија своите први качувања на карпа, меѓу кои беше и најмладиот, тригодишниот Тадеј Циривири.

Во саботата, 9 мај, беа качени следните алпинистички насоки

Крунослав Аџиевски : Новогодишен
Крунослав Аџиевски – Дарко Наумоски: Отмар
Крунослав Аџиевски – Дарко Наумоски - Панде Фармаков: 4 Клина
Бобан Стојанов – Горан Самоников: 4 клина
Никола Андоноски – Здравко Спасев: Нина
Никола Андоноски – Наум Митрески: Нина
Крунослав Аџиевски – Гоце Јовановски: Матка-лева
Илија Циривири – Димитри Димитров – Виктор Хаџи Василев: Отмар
Ристе Калинов – Наум Митрески: Матка-лева
Костантин Циривири – Надир Мурсели: Отмар, Ветерански
Мирослав Ристовски – Маја Мухиќ: Ветерански
Владимир Цветкоски – Темјана Ефтимова: Нина
Надир Мурсели – Лабинот Ахмети: Борник
Ненад  и Ана Радевски: Отмар
Сашо и Гоце Николоски и Антон Моцан: Новогодишен

Во неделата, 10 мај, беа качени следните алпинистички насоки:

Зоран Мајсторски – Панде Фармаков: Панчев (за 2 саати)
Бобан Стојанов – Горан Самоников: Матка лева
Крунослав Аџиевски – Гоце Јовановски – Мартин: Борник
Ристе Калинов – Димитри Димитров – Валдет Османи: Борник
Никола Андоноски – Наум Митрески: Отмар
Мирослав Ристовски – Панде Фармаков: Фи-фи клин
Мирослав Ристовски – Здравко Спасев: Борник
Владимир Цветкоски – Темјана Ефтимова: Отмар
Илија Циривири – Нинослав Станковиќ: Козина
Костантин Циривири - Илија Циривири: Матка Левa
Жикица Ивановски – Горан Стрезовски: Отмар

Покрај искачувањата во алпинстичките насоки беа реализирани и поголем број искачувања во спортско качувачките насоки.
Собирот помина во пријателска атмосфера и дружење помеѓу присутните, така како што и доликува за обележување на овој значаен јубилеј.

 

Никола Андоноски, Скопје 11.05.2009 година.

На следниов линк погледнете галерија од качувањата: http://www.facebook.com/photo_search.php?oid=105316187138&view=all

Воедно ова е можност да ја промовираме новата Facebook група на Македонската Алпинистичка Асоцијација за популаризација на алпинизмот во Македонија.

Линкови
 

Правилник

 
 
www.plocaclimbing.com
www.apexclub.org
www.lasportiva.com


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.