Матка
алпинистички клуб
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 2670 058
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 

Реализирани акции

Попова Шапка - можност за тренинзи во зимски услови (24 декември 2007)
Викендов повторно имамвме можност да се потсетиме дека на Попова Шапка постојат услови за алпинистички тренинг од комбиниран тип и во зимски услови. На растојание од само неколку километри, од Попова Шапка до антените на врвот од Церипашина, може во серија да се искомбинираат неколку видови тренинг. Викендов ние направивме тура со турно скии која што ја искомбиниравме со качување низ малите кулоарчиња во карпата десно од жичарата. ... читај повеќе ...

Промовирани нови 32 Водачи на Планина за лиценцата А (14 декември 2007)
Во Петокот, 14 Декември, во планинарскиот дом Матка на скромна свеченост беа промовирани новите 32 Водачи во Планина носители на лиценцата А. Тие се обучуваа во рамките на проектот "Патеки на комуникацијата" кој беше помогнат од организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) - мисијата во Република Македонија. ... читај повеќе ...

Водачи во планина - Доделување на лиценците на водачите од последната генерација на ЦСО (14 декември 2007)
Во Петок, 14 Декември 2007 година, во планинарскиот дом Матка, со почеток во 18 часот ќе биде организирана свечена церемонија за доделување на лиценците на последната генерација водачи во планина. Проектот за обука на ова генерација Водачи во Планина за лиценцата А започна во Април 2006 година и истиот беше реализиран во соработка со мисијата на ОБСЕ во Република Македонија. ... читај повеќе ...

Топографски мапи (13 декември 2007)
Топографски мапи од локалитетите во Македонија може да се набават од Државниот Катастар на Р.М. За планините од пределот на западна Македонија мапите како што известуваат од кастарот во најголем дел се стари, но има и нови (околу 102 карти со размер 1 : 25.000 и се изработени со аерофотограметриско снимање). Печатените мапи чинат околу 160 денари, но за да нарачате за одредена локација подобро е лично да отидете до Катaстарот. ... читај повеќе ...

Шерпаси 30-ти пат на Еверест (13 декември 2007)
Двајцата Непалци, светски рекордери по бројот на искачувања на Еверест, на пролет по 30 пат ќе го искачат највисокиот врв на светот. Апа Шерпа досега на врвот бил 16 пати, а неговиот партнер Лакпа Гелу Шерпа е познат по тоа што го држи рекордот за најбрзо искачување од базниот камп до врвот односно за неверојатни 10 часа и 56 минути. ... читај повеќе ...

Алпинистите се сведоци на глобалното затоплување (13 декември 2007)
Дерезите можеби се поретко ќе ви требаат. Истото важи и за бајлите и цепините. Причината е во тоа што се повеќе планинари и алпинисти ширум светот се почесто од своите подвизи се враќаат со горчливо сознание. Глечерите исчезнуваат, насоките во ледот се менуваат, карпите се ронат, а на местата каде што до пред некоја година имало ледници сега полека се шират планински езера. ... читај повеќе ...

Радовиш - Свечено отворање на болдер вежбалната (12 декември 2007)
Алпинистичко ориентациониот клуб "Бел Камен" од Радовиш ги кани сите алпинисти, спортски качувачи, планинари и љубители на планинарските спортови да присуствуваат на свеченото отворање на новата болдер вежбална на клубот. Вежбалната е сместена во Спортско рекреативниот центар во Радовиш, на површина од околу стотина квадратни метри. ... читај повеќе ...

Обука на водачи на планина - завршен теоретски испит и доделување на лиценци (29 ноември 2007)
Во деновите од 9 до 11 Ноември 2007 година се одржа завршниот теоретски испит од скоро двегодишниот циклус за обука на најновата генерација на Водачи во планина, во категоријата за лиценцата А. Во текот на деновите 9 и 10 Ноември беа изведени предиспитните консултации и писмениот дел од испитот, додека пак на 11 се полагаше усмениот дел. ... читај повеќе ...

Томаж Хумар - првенствено соло искачување на Јужната Страна на Annapurna - 8091m (19 ноември 2007)
Како што пишувавме претходно на нашата web страна, Словенскиот Алпинист Томаж Хумар на 28 Октомври 2007 година искачи нова насока во Јужната Страна на Анапурна. Искачувањето го завршил на Источниот Врв висок 8047 метри. Главниот врв не бил негова цел, бидејки, како што самиот пишува, Бог му дозволил во 1995 година да се искачи на овој врв, како негов прв врв од 8000 метри. Сега неговите молитви биле насочени кон искачување на првенствената насока во Јужната Страна што во суштина преставува неспоредливо поголем успех одошто искачувањето на главниот врв. ... читај повеќе ...

ИМПРЕСИЈА - ТАБОР ДЕМИР КАПИЈА (2-4 ноември 2007)
Темницата беше накитена со ѕвездените монистри кои беа растурени како леблебија на небесниот катран што лебдеше над нашите глави. Кога пристигнавме во домот, "Калабастер" на нас сеуште беа најзама ч каните дамки на вечерта. Од кога ги населивме собите и ја "почестивме" кујната, со нашето присуство, почнавме полека, но сигурно да ги бришеме дамките темнина од нашите очи со златната боја на гравчето. Наредниот ден, утрото кое штотуку се раѓаше си поигруваше со облачињата во маглата која густо се таложеше на околните ќерамиди, сртови, тараби, дрвја и карпи разбира се. ... читај повеќе ...

ДЕМИР КАПИЈА - ИЗВЕШТАЈ (5 ноември 2007)
ДЕМИР КАПИЈА - меѓународен алпинистички собир за искачување првенствени алпинистички насоки. Во деновите на минатиот викенд, од 2 до 4 Ноември, на Демир Капија се одржа меѓународниот алпинистички собир за качување првенствени алпинистички насоки. На собирот учествуваа триесетина алпинисти од неколку алпинистички секции од Македонија, како и седум алпинисти од Бугарија. Временските прилики беа одлични за качување. Сонце немаше, ветрот не беше многу силен, а не врнеше ниту дожд, навистина одлични услови за качување. ... читај повеќе ...

МЕЃУНАРОДЕН АЛПИНИСТИЧКИ СОБИР НА ДЕМИР КАПИЈА (2 - 4 ноември 2007)
Во деновите на наредниот викенд, од 2 до 4 Ноември, во алпинистичкиот локалитет Демир Капија, ќе се одржи меѓународниот алпинистички собир за качување првенствени алпинистички насоки. Засега своето доаѓање го најавија алпинисти од соседна Бугарија, се разбира покрај алпинистите од нашите клубови. Организаторот на собирот, Македонската алпинистичка асоцијација, обезбеди извесно количество на алпинистички клинови кои ќе им бидат дадени на оние алпинисти кои ќе се решат за качување првенствени насоки во карпата. ... читај повеќе ...

ПРОДАЖБА НА ОПРЕМА (ноември 2007)
Се продава ранец, модел со надворешен метален самар (ранец со шипки), производство Топер - Словенија. Информации можат да се добијат на тел: 02/3133 716, Илија. ... читај повеќе ...

ТОМАЖ ХУМАР ЈА ИСКАЧИ ЈУЖНАТА СТРАНА НА ANNAPURNA I 8091m
На 28 Октомври 2007 година, Словенскиот алпинист Томаж Хумар ја искачил Јужната Страна на врвот Annapurna I на Хималаите висок 8091 метар.
Засега нема точни информации за тоа дали Хумар се искачил преку некоја од претходно искачените насоки во карпата, доколку за вакви насоки може да се зборува во класичната смисла на зборот, или пак искачил нова, првенствена насока. ... читај повеќе ...

Акција: Пензии за врвните спортисти на Република Македонија (15 октомври 2007)
Македонската алпинистичка асоцијација се приклучува кон акцијата што ја спроведува Агенцијата за Млади и Спорт на Република Македонија а која што има за цел доделување пензии за сите македонски спортисти кои оствариле врвни достигнувања во спортот. Во продолжение го објавуваме писмото што МАА го испрати до Агенцијата за Млади и Спорт со предлог за доделување пензија за Димитар Илиевски - Мурато. ... читај повеќе ...

Извештај од Алпинистичко - спортскокачувачки собир на Матка (15 октомври 2007)
На 14 Октомври, Недела, се одржа дел од официјалната програма на планираниот качувачки собир во Матка. Причина за измени во официјалната програма беше лошото време заради коешто беше невозможно да се одржат планираните натпревари. Сепак и вака беше многу убаво, пред се заради големиот број качувачи кои дента можеа да се видат во карпата на Матка. На собирот учествуваа околу 80 алпинисти и спортски качувачи од неколку градови од Македонија како и гости од Бугарија. ... читај повеќе ...

Алпинистичко - спортскокачувачки собир на Матка (12, 13, 14 октомври 2007)
Како што беше претходно најавено на оваа и на некои други web страни во текот на деновите 12, 13 и 14 Октомври на Матка ќе се одржи алпинистичко спортско качувачки собир насловен како Big wall - натпревар и Rock trip дружење. Основната цел на собирот е да се промовира дружењето помеѓу сите алпинисти и спортски качувачи во земјата преку организирање заеднички манифестации, качувања, предавања, стручни усовршувања и сл, како единствен, неминовен услов за развој на македонскиот алпинизам и спортското качување и поставување основа за врвни достигнувања во наредниот период. ... читај повеќе ...

Голем алпинистички јубилеј - 50 год. "Отмарова" насока (22 септември 2007)
Во Сабота, 22 Септември 2007 година на Матка ќе се одржи алпинистички собир по повод големиот јубилеј на македонскиот алпинизам - 50 години од искачувањето на насоката "Отмарова" во карпата на Матка. Во чест на јубилејот изработени се пригодни споменици за насоката "Отмарова" кои ќе им бидат доделени на сите алпинисти, спортски качувачи и планинари кои ја имаат искачено оваа насока. ... читај повеќе ...


Демир Капија - уредување на алпинистички насоки (септември 2007)
Во текот на минатата седмица тричлена екипа на Македонската алпинистичка асоцијација составена од Зоран Мајсторски, Бобан Стојанов и Крунослав Аџиевски извршија уредување во алпинистичките насоки на Демир Капија. Уредувањето има за цел подобрување на маркацијата во насоките, поставување на класични (т.н. алпинистички) и експанзиони клинови во насоките, како и нивно чистење од вегетација и од ронливи делови. ... читај повеќе ...


BIG WALL натпревар на Матка (13-14 септември 2007)
На 13 и 14 Октомври 2007 година на Матка ќе се одржи качувачки собир на кој ќе учествуваат, барем според досегашните најави, поголем број алпинисти и спортски качувачи од Македонија и од соседните земји. Според програмата, на 13 Октомври ќе се одржи натпревар во брзинско качување во насоката "Панчева", а за 14 Октомври е планиран т.н. rock trip во рамките на кој ќе се качуваат алпинистички и спортско качувачки насоки.... читај повеќе ...


Тренинзи на Попова Шапка (август 2007)
На сите им е многу добро познато дека Шар Планина и Попова Шапка нудат одлични можности за планинарски тренинг. Овој пат низ неколку фотографии сакаме да ве потсетиме дека за време на престојот на Шапка може да се искомбинира добар алпинистички и качувачки тренинг.... читај повеќе ...

Алпинистичка акција во Алпи (август 2007)
На 20 овој месец во француските Алпи, во масивот на Mont Blanc замина четири члена алпинистичка екипа составена од членови на Македонската алпинистичка асоцијација. Во екипата се Борче Манев, Крунослав Аџиевски, Бобан Стојанов и Зоран Мајсторски.... читај повеќе ...

За планинарската трансферзала (јули-август 2007)
Минувањето на планинарската трансверзала низ планините во Западна Македонија беше практичен испит во рамките на проектот “Патеки на комуникацијата” кој се одвива во соработка помеѓу мисијата на ОСЦЕ во Република Македонија и Центарот за стручно оспособување при Федерацијата на планинарските спортови и истиот има за цел обука на трисетина водачи на планина за лиценцата А.... читај повеќе ...

Продавање на алпинистичка опрема (3 јули 2007)
Список на алпинистичка опрема што се нуди за продавање со цени и фотографии ... читај повеќе ...

Алпинистички собир - Охрид (8-10 јуни 2007)
Алпинистичкиот собир во Охрид ќе се одржи за време на викендот од 7-10 јуни 2007 година, во организација на Единицата за Спасување на Планина и Непристапни терени при Црвен Крст Охрид и АК при СПД "МАГАРО" - Охрид во соработка со Македонската Алпинистичка Асоцијација. Собирот ќе се одржи во локалитетот "Зли дол" с. Трпејца - Охрид. Сместувањето ќе биде во локалитетот Заум, а качувачките активности ќе се одвиваат во локалитетот Зли Дол ... читај повеќе ...

Одликувања за Глигор Делев (6 јуни 2007)
Претседателството на ФПСМ на својата седница одржана на 6 Јуни 2007 година донесе одлука Д-р. Глигор Делев, Македонецот кој се искачи на Mount Everest минатиот месец, да биде прогласен за почесен член на Федерацијата на планинарските спортови на Македонија.... читај повеќе ...

Matterhorn - северна страна (мај-јуни 2007)
Оваа година јас, Надир Мурсели и Јован Попоски ќе обидеме да се искачиме по насоката на браќата Schmid во Северната страна на врвот Matterhorn. Досега имавме два обида но поради лоши услови во карпата и неповолните временски прилики, моравме качувањето да го откажеме уште во домот Hornli. Во сите претходни обиди за качување на карпата, не придружуваа пријатели кои доаѓаат во искачување на некој врв во Алпи-те, како што се врвовите во масивот Monte Rosa, Grossglocner или Mont Blanc.... читај повеќе ...

Почетнички агол - Како го доживеав алпинистичкиот табор на Матка (мај 2007)
Саботното утро започна со блесокот на топлите сончеви зраци кои што како воздишки се лепеа на "стаклената" површина од езерото. Нашиве стари велат дека денот по утрото се познава. Не згрешиле. Мајската топлина која што се преплетуваше низ нишките кои се наоѓаат на патеката до манастирот Св. Никола успеа да ни ги ороси челата со пот... читај повеќе ...

Повторно Македонец на Еверест (20 мај 2007)
На 20 Мај во 10 часот Македонецот Глигор Делев кој живее и работи во Канада се искачи на највисокиот врв на светот. После 18 години повторно беше развиорено македонското знаме на највисокиот врв на светот Mount Everest. Овој пат тоа е заслуга на Глигор Делев наш сонародник кој живее и работи во Канада.... читај повеќе ...

Собир на Матка - Известување (11-13 мај 2007)
Во деновите од 11 до 13 Мај на Матка се одржа традиционалниот алпинистички собир посветен на Васил Франговски. Ова година програмата на семинарот беше резервирана за одржување летен курс за почетници кој беше споен со семинар за кандидати за Инструктори по Алпинизам.... читај повеќе ...

Собир на Матка - Програма (11-13 мај 2007)
Денес (11 Мај) попладне започнува традиционалниот алпинистички собир на Матка посветен на алпинистот Васил Франговски. Техничкиот состанок на преставниците на алпинистичките секции и на кандидатите за инструктори ќе започне во 20,30ч во планинарскиот дом Матка..... читај повеќе ...

10 мај - Димитар Илиевски - Мурато
На 10 Мај 1989 година македонскиот алпинист Димитар Илиевски - Мурато како член на Македонската Алпинистичка Хималајска Експедиција Еверест 89 се искачи на највисокиот врв на светот, за прв пат развиорувајки го македонското знаме. .... читај повеќе ...

Отмар Худомаљ - годишнина (9 мај 2007)
На 9 Мај 1939 година е роден македонскиот алпинист со словенско потекло Отмар Худомаљ. Кај денешните генерации алпинисти тој е препознатлив пред се заради името на една од најубавите насоки на Матка - Отмарова насока. .... читај повеќе ...

Алпинистички собир на Матка (11-13 мај 2007)
Во деновите од наредниот викенд од 11 до 13 Мај на Матка ќе се одржи традиционалниот алпинистички собир познат како меморијал Васил Франговски .... читај повеќе ...

Донација на патики (мај 2007)
Македонскиот алпинист кој живее и работи во Швајцарија, на сите нам добро познатиот Надир Мурсели, донираше патики за качување на карпа за потребите на алпинистичкото училиште .... читај повеќе ...

Семинар со водачи во Охрид (април 2007)
Обука на кандидатите за водачи во планина во рамките на проектот "Патеки на комуникацијата" ... читај повеќе ...


Качување во Охрид (април 2007)
Во периодот од 24 до 30 Април членовите на алпинистичкото друштво "Матка"
заедно со членовите на друштвото "Магаро" од Охрид реализираа поголем број искачувања во алпинистичките и спортско качувачките насоки во околината на Охрид. ... читај повеќе ...


Нови клинови на Матка (април 2007)
МАТКА - Поставени клинови за осигурување вдолж патеките кои водат од врвот на Отмарова карпа до манастирот Св. Никола. ... читај повеќе ...


Семинар за водачи на Матка (април 2007)
Во периодот од 19 до 22 Април 2007 година на Матка се одржа третиот овогодинашен семинар со кандидатите за водачи во планина во рамките на проектот "Патеки на комуникацијата". ... читај повеќе ...


Алпинистички табор на Матка (16-18 март 2007)
Во деновите од 16 до 18 Март се одржа првиот годинешен редовен алпинистички табор во организација на МАА (Македонска Алпинистичка Асоцијација). Единствената работна содржина предвидена во програмата беше качување алпинистички насоки по избор. ... читај повеќе ...

Состанок на МАА (17 март 2007)
Во рамките на алпинистичкиот табор на Матка, кој се одржа во деновите од 16 до 18 Март 2007 година, се одржа и состанок на Македонската алпинистичка асоцијација. Состанокот се одржа во саботата на 17 Март со почеток во 19 часот ... читај повеќе ...

Семинари за лиценца B и C (2-4 март 2007)
Од 2 до 4 Март 2007 година во алпинистичкиот локалитет Матка се одржа семинар за Водачи на планина за лиценците B и C. Носителите на лиценцата B можат да водат клиенти .... читај повеќе ...

Три првенствени на нов локалитет (13-14 јануари 2007)
На 13 и 14 јануари во Прилеп Бојан и Круно искачија три првенствени насоки - Стара-Нова година, Був и Василица. ... читај повеќе ...

Нова првенствена насока "Спасен и уапсен" (5 ноември 2006)
Во неделата (5.11.2006) со Крунислав Адџиевски (Круно) решивне да качиме првенствена насока и одлучивме тоа да биде помеѓу плочите кои се на 30 мин пешачење покрај езерото Матка. .... читај повеќе ...

Болдеринг во Миравци (август 2006)
Доколку е лето и сте во двоумење помеѓу качување и капење, Миравци е правото решение затоа што можете да ги правите двете работи истовремено. ... читај повеќе ...

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.