Матка
алпинистичко друштво
  Наскоро : Англиска верзија
   
М А Т К А
 
      Почетна страна
      Историјат
      Новости
      Најава на акции
      Експедиции
      Членови
      Локалитети
      Реализирани акции
      Фото-галерија
      ЦСО при ФПСМ
      Алпинистичка школа
      Вежбална
      Продажба на опрема
      Публикации
      Стручна литература
      Професионални водичи
      Линкови
 
К о н т а к т

Алпинистичко друштво "Матка" тел:
+389 71 369 280
+389 2 3121 776
+389 70 34 28 28
адреса:
"Франклин Рузвелт" бр.68 1/2
1000 Скопје
e-mail:
contact@matkaclimbing.org
 

Алпинистичка школа

Врвната алпинистичка едукација е нешто со кое секогаш се гордееме. Грижата за квалитетната алпинистичка обука завземала важно место во текот на сите децении од историјата на нашето друштво.

Алпинистичката обука денес е на високо равниште согласно со најквалитетните светски стандарди. Таа е резултат на големите залагања и упорното градење на образовен систем во текот на изминатите десетина години.

Денес располагаме со вежбална за алпинистички тренинг, врвна опрема за обука, квалитетна стручна литература од странски и домашни автори, уредени алпинистички локалитети и најважно од се, најдобро обучен алпинистички кадар за работа со почетници и напредни алпинисти.

Ние сме единствено друштво во Република Македонија кое согласно со правилникот за работа на Македонската Алпинистичка Асоцијација ги исполнува критериумите за самостојно изведување на алпинистичка обука.

Во моментов во алпинистичкото училиште се изведува обука за неколку категории алпинисти.

Главниот акцент е ставен на работата со кандидатите заинтересирани за занимавање со врвен алпинизам. Нивните тренинзи се изведуваат во вежбалната и во некој од алпинистичките локалитети, најчесто на Матка. Во работните денови тренинзите се одвиваат три пати седмично и тоа во Понеделник, Среда и Петок од 19 до 21 часот. Покрај тоа се изведува и еден целодневен тренинг во деновите од викендот во некој алпинистички локалитет. Работата за време на тренинзите е надополнета со теоретски предавања според утврдена програма за работа.

За нас големо значење има и работата со училишната алпинистичка секција. Тоа е секција во рамките на друштвото каде членуваат ученици од основно и средно училиште. Нивните тренинзи се одвиваат два пати во текот на седмицата и тоа во Вторник и Четврток од 18 до 20 часот, како и еден целодневен тренинг во деновите од викендот. Теоретските предавања и филмските проекции се составен дел од едукацијата во училишната секција.

Покрај тоа, училиштето е отворено и за сите кои се заинтересирани за рекреативно занимавање со алпинизам. Нивните тренинзи се одвиваат три пати седмично во Вторник, Четврток и Петок од 20 до 21 часот.

Со работата на алпинистичкото училиште раководи Костантин Циривири, најискусниот алпинистички инструктор во нашата земја, носител на називот Инструктор - Алпинистички Водач и автор на повеќе книги и истражувања од областа на планинарството и алпинизмот. Обуката ја координираат Бојан Миткоски носител на називот Алпинист и Крунослав Аџиевски носител на називот Помлад Алпинист. Обајцата се меѓу најперспективните македонски алпинисти.

Линкови
Наша огромна галерија
Climbing.com
Стената - Софија
 
www.thenorthface.com
 
www.madrockclimbing.com
 
www.lasportiva.com
 


© Copyright 2007 Matka Web Team All rights reserved.